Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Дожд ќе врне до среда

Влажниот и дождлив период во нашата земја ќе потрае и во наредните четири дена. Облачното време ќе биде заменето со сонце дури од среда наредната недела, кога се очекува и пораст на температурите, кои ќе се искачат до 24 Целзиусови степени. Синоптичарите прогнозираат стабилно и суво време од среда до 25 април.

Метеоролозите велат дека и наредниве денови подрачјето на Македонија ќе се наоѓа под влијание на серија влажни маси од Медитеранот, кои и понатаму ќе условуваат променливо и нестабилно време. И денеска ќе биде облачно со сончеви интервали, а попладне локално ќе има слаб до умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, засилен ветер и ретка појава на грмежи. Дневната температура ќе се искачи до 20 степени.

„Утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта на места ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во интервал од 11 до 19 степени. И в понеделник ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Локално е можна и појава на невреме, а температурата ќе се спушти на 16 степени“, вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.

Во вторник се' уште локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност, а од среда ќе настапи период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 1388 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 17.04.2010 09:27:32
Од кога врнењето на дождот е политика ???
Од: Трпе
Датум: 17.04.2010 13:26:53
Статијата за временската прогноза е на право место.Зарем овие 4 години не се изнаслушавме дека за се што се случува во земјата ,виновна е опозицијата.Ке излезе на тв самобендисаниот ни племиел и ке каже дека тоа е блеф на Бранко.Овие четри години и сонцето се плаше да ги пробие црните облаци што се надвиснале над нас ,од дечките кои си играт власт.
Од: sirma vojvoda
Датум: 17.04.2010 13:37:55
e politika e Branko e kriv za dozdot neli feliksani????

Најди! во Утрински
Политика
Медал за Глигоров од Медведев
Во Македонија има само четири осветлени тунели
Текстот за Македонија најкоментиран во историјата на „Економист“
Груевски се инаети со Брисел
Владата доволно ги помагала лозарите
Платите во здравството доцнат
Јунската одредница ја менува реториката на Ахмети