Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Груевски се инаети со Брисел

Премиерот им ветувал на Рен и на Филе, а потоа не исполнувал договори

Слободанка Јовановска


Вицепремиерот Васко Наумовски вчера престојуваше во Брисел за да одглуми уште една рунда заинтересираност на Македонија за евроинтеграцијата. Дали се обидел да ја спушти топката по јавната порака од Штефан Филе околу фамозното писмо до премиерот, сепак, не можеше да се дознае со сигурност.

Неофицијално, законот за антидискриминација не бил главна тема на разговорите, а и Наумовски не е од таа категорија функционери да дава отчет пред еврокомесарот за проширување.

Тоа што Европската комисија си дозволи обелоденување на лична преписка со премиерот на државата и за да се забележи тоа првите зборови Филе ги напишал со рака, место на компјутер, треба да се сфати како пресвртната точка на Брисел кон нашата Влада. Пораката е - ние ќе ја известиме јавноста колку вие сте искрени во посветеноста кон евроинтеграцијата, а вие правдајте се пред граѓаните што во огромен процент даваат поддршка за неа.

Она што треба да одговори Груевски е зошто Влада што јавно кажува дека ЕУ и' е стратегиска цел, изгласува закони што Европската комисија ги оценува како антиевропски и надвор од регулативите на Унијата? Практично, еврокомесарот Филе првпат јасно покажа дека не верува во искрените намери на актуелната власт, дотолку повеќе што според дипломатски извори, не само на Оли Рен, туку и на актуелниот еврокомесар, Груевски лично му ветил дека ќе ја вклучи сексуалната антидискриминација во спорниот закон, па кога видел што изгласале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, буквално, доживеал шок.

Ова е, всушност, третпат Брисел да тврди дека премиерот Груевски нешто ветил, па не исполнил, од (не)изградбата на споменикот на Александар Македонски што упорно се најавува, па до Законот за антидискриминација во две прилики, пред донесувањето на одлуката за визна либерализација и сега. Ова не е, исто така, единствено инаетење на Владата кога се во прашање критериумите и регулативите на Унијата, што почна со одбивањето да ја вклучи ДУИ во владејачката коалиција, да го реши случајот со ЕВН во согласност со европските правила, па до најновиот случај со законот за водите што е приоритетен за Брисел, а Собранието го одложи за четири години.

Иако, генерално, Владата и досега влечеше потези откако ќе следуваа силни притисоци од Европската комисија и, практично, по многу натегнувања, ова е првпат таквиот манир да го примени откако Брисел ги испофали реформите во земјата и ни даде препорака за преговори.

По подолг период набљудување од страна на ЕК колку актуелната Влада е посветена на реформите, сега и Груевски, по се' изгледа, го тестира Брисел колку може да издржи во добрите оценки кон Македонија, додека ние контрираме. Бидејќи според ниту една анкета правата на хомосексуалците не се прашање од таква тежина како што е приемот во Европската унија и во НАТО, прашање што стои зад политичката логика и математика на премиерот, кога вака директно прави токму тоа што бараат од него да не го прави во ЕУ.

Едното објаснување е дека Груевски води инает со Комисијата за да и' врати за недавањето поддршка околу спорот за името, а второто, обратно, дека влече контрапотези за да не мора да ги трпи притисоците околу спорот со Грција, бидејќи условите ќе бидат многу повеќе од тој еден.

Факт е дека со ваква инаетчиска политика нашата Влада доби препорака од ЕК, но околностите оттогаш се сменија, па ако Брисел сфати дека нема подготвеност за решение околу името, нема да има мотив ниту да ги трпи импровизациите од Македонија.

„Сите земји-членки на ЕУ ја имаат недискриминацијата според сексуална ориентација во своите законодавства, а тоа треба да го сторат и оние што сакаат да станат членки на европското семејство. Исклучоци од ова нема“, наведено е во писмото на Филе до премиерот. Пораката е „земи или остави“, бидејќи ЕУ е таа што ги утврдува правилата, а Македонија треба да реши дали сака или не сака преговори.

Само дебели нерви и голема политичка фантазија може да помогнат ова што го прави нашата Влада во однос на Европската комисија да се сфати како подготовка за влез во Унијата. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 4295 пати.

Испрати коментар

Од: marinka
Датум: 17.04.2010 00:03:49
grujo ne udiraj glava pov vo zid i vrapcite znaat aco nee nas ajde da vlezeme vo eu.
Од: граѓанин
Датум: 17.04.2010 00:35:48
Тој за се' оди контра. Некој од коментаторите сигурно ќе каже дека тоа го прави од патриотизам, но повеќе од очигледно е дека цело време прави антинационални и антипатриотски потези со кои се ослабува нашата позиција. Се инаети со закони без некоја посебна потреба, преименува без потреба аеродроми и патишта, се шета со карти на голема Македонија - без потреба само им дава аргументи на надворешните "пријателски" и "непријателски" сили да не однародат.
Од: sirma vojvoda
Датум: 17.04.2010 00:54:21
Црна се чума зададе там долу Македонија е мој народе секогаш си се продавал за еден грст златници.што проклетство ке беше ова сопствениот народ да офка од сопствениот лидер кој без милост секојдневно го рекетира народот со цел да го донесе на питачки стап како динго Кратовци...бати народот бати ромите во шутка по организирани се не се плашат кај е мекедончето а? го предлагаме ние студентите феликс за нов лидер на студентиите бидејки тој највеке се радува на намалената партиципација а не кажува стоп за рушењето на постоечките згради несмее бидејки миле стои позади тоа миле министерчето....време е за ОТПОР!!!!
Од: patricija
Датум: 17.04.2010 00:57:46
Se ssokirale. Strassno. Zgressi VMRO. Treba da razbere deka e mnogu povazzno da imass pravo na seksualno otkolku na nacionalno opredeluvanje. Ete toa se vrednostite koi Evropa ni gi nudi. Pa usste se ssokiraat More marss tamu. Neka ima izbori, neka glasa narodov, ssto saka. Dosta visse od lazzenje. Ako saka da se smeni imeto i da prifati bass sekoja glupost samo zaradi toa ssto go napissalo nekoe funkcionercce, neka gi vrati na vlast SDSM.
Од: SMK
Датум: 17.04.2010 01:06:10
Reshenie mozhe da bide samo preku Megunarodniot sud kako shto predlaga Igor Janev . Greshkata e napravena vo OON 1993. g.
Од: Зоран
Датум: 17.04.2010 01:06:31
Не дај боже да дојдат вашите, па да се согласуваат со сите барања од Брисел во 100%. :-)
Од: altruist
Датум: 17.04.2010 01:48:06
Koga del od narodot ne svati deka "firerot e gol" .morase nekoj od nadvor da ni ukaze na egzibiciite na firerceto so javnosta - potocno so narodot.Ocigledno deka se pobrzo se svaka deka "carot e gol" makar i so pomos odnadvor.Da se nadevame deka propagandistickata masina na vlasta nema da moze da gi zabosoti site gluposti vo vladeenjeto na ovaa nenarodna vlast.
Од: Blue fighter: EU da gi bara korenite na Grujo do Minhauzen!
Датум: 17.04.2010 03:52:28
Mnogu docna pocnaa da objavuvaat i razotkrivaat kolku i kako laze Makedonskiot Premier.A covekot si laze od samiot pocetokj,bez prestanok i sram.Toa go znaeja.Ama,izgleda nekoj im potsepnal za izrekata:Ako uspees da me izlazes ednas...itn.Koj znae kolku pati gi izlazal do sega? I samiot ne broi vekje.Patoloskite lazgovci gi poistovetuvaat so Minhauzen.Grujo gi bara nasite koreni do Aceta Golemiot,a ma da n etreba da pobara za sebe nekoja rodninska vrska sto vlece koreni do kaj Minhauzena.Ako ne moze da mu pomogne Pasko,eve prijatelite od EU neka pomognat.I taka ziveel na nivna teritorija.Kje znaeme barem zosto ova ni se slucuva.
Од: dedodimo
Датум: 17.04.2010 05:20:31
Prviot komentar daden me razluti ",Ace ne e nash"a dobro gospogo chi e Ace, i zoshto go vikaat Makedonski a ne Grchki.Pogledajte vo Biblijata pa togash mozda ke svatite,tamu tochno pishuva Grci i posebno Makedonci.Ako vie lichno ne se osekate Makedonka ,mozite da odite kade shto sakate i da se izjasnuvate toa shto sve. Vo vo sekoja doba mozite da odite i nemora da se vrakate -vratatae otvorena ali edno da znajte ,kadeida odi chovek za da zaraboti mora da raboti da se machi pa neshto da stvori,vie sakate so lezenje dobro da ziveete .I edno drgo Ako sami ne se priznavate i ne znaete shto ste ne chekajte drugi da ve priznavaat .Zalosno ali ste golema beda.
Од: pameten
Датум: 17.04.2010 06:41:35
Patricija, kako da se reshi problem, koj shto ne se razbira. NIKOJ, nitu Grcite, ni Bugarite ni EU ne mozhe, a EU i ne saka da ni negira nasheto nacionalno opredeluvaneje. Makedonci sme i nishto drugo! No problemot e deka sakame ovo da go objasnime so edna prikazna, edna fantazija edna lazhna istorija. "Makedonskiot narod (i Makedonskiot jazik) postoel kako poseben etnikum so vekovi..." Ovo nikoj ne go veruva! Grcite (i Bugarite) sakat garancii protiv shirenjeto na ova prikazna i ochigledno najdat rezbiranje vo Brisel. A Grujo nema hrabrost da kazhe: "Da zaboravime za prikaznite, da prifatime istorijata takva kakva shto bila, da se izborime za nashiot deneshen identitet i da se integrirame vo EU".
Од: Време било за отпор - хахахахах
Датум: 17.04.2010 07:35:09
Груевски се инаетел со Брисел!? Која е алтернативата?? Црвенковски, Петковски, Андов, Оровчанец??? ХАХАХАХаХаХаХааааааааа...
Од: petre
Датум: 17.04.2010 07:37:46
naumovski se obiduva da gi sredi rabotite,no..... Eh koga bi bil vo SDSM...
Од: dara bubamara
Датум: 17.04.2010 07:44:37
Na zal samo toa i znae.
Од: забеган
Датум: 17.04.2010 08:37:36
Е-Примиере-Премиере несе Еуропејците Родени Во Македонија, Да си играш со нив.Ко што тоа го правеш со нас.Но и кај нас веќе не пали,Прочитан си.
Од: Трпе
Датум: 17.04.2010 09:15:51
Со овој начин на работа,нашиот мистер мр.Рејтинг да е раководител и на едно гранапче ќе го уништи.Но многу добро е познато чиј ученик е тој.И неговиот учител беше кавгаџија и тврдоглав.И што направи се направи само лично за себе.Е така ви треба народе,вие бидете патриоти и уживајте во патриотизамот а некои ке станат таканаречени обични бизнисмени со огромен капитал.Радувајте се на илузионистичките способности.Забавата продолжува.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 17.04.2010 09:18:36
Deka Premierot vodi licemerna politika veke mi e poznato;no me zagrizuva do koga narodot ke go trpi?Imam vpecatok deka Makedonskiot "uziva" da bide izmanipuliran (reklamni kampani za NE(!)srabotenoto),umalozuvan (branitelite,rabotnicite,zemjodelcite) i tepan (kako pazardziite vo Sutka,koi se borat za zivotna egzistencija).Ama ne se vika dzabe:Kakov narod,takva vlast.Gruijca sesto veti vo Brisel,za,koga ke se vrati vo Skopje,se naduvuva "patriotski" kako zaba!Moja licna procenka e,kolku i da boli,deka MK e veke izgubena i so ova vlast dozivuva macna smrt!Za vreme na SFRJ ne postoese teorija vo Tetovo da vioraat Albanski znaminja i pretsedatelot na stranska zemja da dozivuva mnogu pogolem avtoritet od sopstveniot!I zatoa golemo BRAVO za Branko Crvenkovski za policiskata akcija 1997 vo Gostivar i Tetovo!Se nadevam deka Gruijca i DPMNE na slednite izbori definitivno ke se cistat od MKskoto podnebje.Samo so Gospod napred!Pozdrav od Germanija
Од: do patricija i zoran
Датум: 17.04.2010 09:55:29
Sto ke nie Evropa, podobro nie da ostaneme vo Balkanska kal. A so vasiot ''firer'' ne da mrdneme ni peda od Kumanovo pa nagore.
Од: recenzent
Датум: 17.04.2010 09:59:01
Инатот е една од ретките работи кои ми се допаѓаат кај Грујо. Искрено велам. Бранко и Љубчо беа обични амиџии и главоклимачи. Запад “А“ они двајцата “На“. А Грујо се држи до она што тој го смета за интерес (можеби не се сложуваме со него) и си тера по свое. Напред !
Од: Mene do Vas
Датум: 17.04.2010 10:05:16
Аман бре отекувачи - ОТЕКУВАТЕ! Зарем не свативте дака со пљукање на својата земја нема да постигнете успех и напредок, ни вие ни земјата. Ве има партијски определени против Македонија и За уништување на Македонија. Мешате работи од витално значење за опстанок на нацијата со маргинални баналности. Во ЕУ хомосексуалните се изборија за свој статус и се со најсилна куповна моќ. Процесот до нивното признавање беше долг и макотрпен. Во М таа тема е табу и си го бара своето време да дојде до признавање, а не поттури хартија и со наредба од ЕУ - потпиши - признавање.Ние одлучивме така и готово е, нема дискусии велат од ЕУ. А покрај тоа се подтура и потпишување на капитулација и промена на име. Ја матат водата за да не гледаме? А овде во текстовиве не се гледа зрелост на некои коментатори. Или се намерно вметнати да прават раздор. Само пљукај па белки ќе погодиме некогаш некого си велат иститеи ќе го рѓосаме.
Од: Столе
Датум: 17.04.2010 10:07:36
Премиерот никогаш немал, и нема намера да влезе во ЕУ. Тој преку хомофобијата во македонското општество само собира политички поени. Вака му е добро, да владее во своето мало царство и да им раскажува антички прикаски на својот успан народ.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 17.04.2010 10:19:54
Се прашувам, дали се работи за КвазиБок-Се`рР`р-че,или за Квазиинтелект!? Сè повеќе сум убеден дека одговорот и на двете прашања е Позитивен!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 11:03:22
Колкав е капацитетот на водоотпорната леди Сирма говори фактот да паѓа во дерт што кабелската тв и прави дупки во студентскиот дом и за тоа е крива власта а за намалување на партиципацијата за нејзините колеги било исто така неоодговорен однос на власта кон нејзината популација.Инаку беспоговорно секогаш го прифаќа од Брисел оној кој нема сопствени идеи и така му е најлесно,а тоа што Брисел има двојни аршини во примената на сопствени одлуки неги засега,важна е кроткоста и покорноста.
Од: Миле - Охрид
Датум: 17.04.2010 11:05:44
Нема ништо верно во анализата на новинарот. Тој не покажува никаква грижа за европските принципи, вредности и стандарди. Напротив, само ја одработува грчката агенда за дестабилизација на Македонија како би ги прифатила шовинистичките барања на Грција за самоукинување на македонскиот народ. Новинарот упорно подржува антидемократски уцени и притисоци , а се со цел да се направи компромис со правото на македдонскиот народ себе да се нарекува онака како тој самиот одлучил. Тоа е антиевропски. Тоа е подршка на шовинизмот. Таа подршка е опасна за ЕУ колку и за Македонија.
Од: jas
Датум: 17.04.2010 12:19:17
si go biravte si go dobivte ima da ja sonuvate evropa so takvo rakovodstvo
Од: Јован АН
Датум: 17.04.2010 12:39:25
Порака до Груевски: Храброст е да се сочува името и образот на Македонија и Македонците.Достоевски рекол: - Ако си тргнал кон некоја цел и застануваш да фрлаш камења на секое куче што лае,нема да стигнеш до целта!
Од: do recezent
Датум: 17.04.2010 13:03:54
Ti be batka si zabegal so umot koga velis deka mister rejting ti se sviga i ,,dobro raboti'.Togas nosi si go doma.
Од: Ангел
Датум: 17.04.2010 14:11:37
Политички коментар од Утрински. Не е така. Ние Македонците како народ не сме признати вие па Европа рекла за хомозакон и за кучињата а каде е македонското малцинство од Бугарија и Грција признато од недемократска Европа. Браво за потегот на владата.
Од: Недискриминиран
Датум: 17.04.2010 15:08:10
Криењето и бегањето од одговорност е типична за нашето пастирче.Кутрата Бонева е една од многуте вмр-овчички што го подметнува грбот место него. Дека мудроста не мора да оди со староста, доказ е дедо Димо.Батали го Александар,цел свет знае кој е тој,освен необразуваните вмр-овци и фрустрираните Егејци.Имаме многу побитни работи .Погледај околу себе и ќе ти стане јасно:
Од: Alek
Датум: 17.04.2010 15:44:54
Груевски со намерното кроење на ваков квази-закон сака да му се додвори на најпростиот дел од гласачкото тело, кој е најброен и го одржува на власт. Поддршка за коментарот на Столе.
Од: jean luc picard
Датум: 17.04.2010 17:45:57
поинает политичар од грујо мислам дека немало од осамосојувањето до сега. рака на срце и сите министри му се по тој терк, посебно за образование, за финансии, и за здравство. абе магариња да беа ќе попуштеа за некои работи и одлуки што не се во народен интерес. ама овие не, со главата низ ѕид.
Од: boban kumanovo
Датум: 17.04.2010 18:41:01
go gledav dokumentarecot za hitler, Znaci ovoj nas premier po nisto ne se razlikuva od germansakiot firer,Gi ima istite simptomi na vladeenje koi preminuvaat vo diktatura, Neka ni e na zdravje> A od Evropa so nego nema da vidime ni E
Од: добре
Датум: 17.04.2010 19:34:07
е затоа не не бива наместо да се подрже власта ни ја врѓаме што ќе кажат другите
Од: Riste
Датум: 17.04.2010 21:55:24
Па добро бе сакате ли да влеземе во ЕУ обезличени без идентитет, со сменето име. Ајде остај те го човекот да си ја работи работата како што си знае тоа до сега го прави мн добро.
Од: Блага
Датум: 17.04.2010 23:01:15
Груевск е за Македонија дар од ГОСПОД, треба да бидат срекни граѓаните што го имаме, да не беше тој,немаше ништо да остане од македонскиот народ.Неможе на секој поединец да му се удоволува битно е обичниот и мнозинскиот народ што сакат.Ги Молам новинарите да не стварат тензии за прашања од нтерес на својот нарот,со тоа станват нпријатели на својата земја.
Од: nacional-patriot
Датум: 18.04.2010 03:41:17
Tocno e toa deka Makedoncite i nivniot jazik postojat so vekovi. Atina i Sofija toa go znaat i zatoa se plasat i toa za niv e kosmar. Ako go priznaat toa,ke moraat da gi priznaat malcinstvata kaj niv.Inat vodi Brisel kon Makedonija so toa sto bezsramno ja ucenuva i bara prava za nekakvi si homici,a ne baraat korumpiranite briselski birokrati od Atina i Sofija da gi pocituvaat preporakite od Strazbur za covekovite prava na nivnite gragani.Ako e i od Brisel premnogu e.Klimoglavite novinari prodolzuvaat so nivniot podanicki odnos kon EU.Sramota za niv.
Од: Itar Pejo
Датум: 18.04.2010 09:19:59
Bravo za Gruevski. Kiro prifati da se vikame FYROM, Nikola ja ponisti taa odluka. Kiro vo Grcija izjavi deka ne sme anticki makedonci, Nikola vo Grcija izjavi deka sme. Kiro fakticki ja prifati podelbata na Makedonija, Nikola ja obedini i go ostvari sonot na Cento. Kiro nisto ne napravi za egejcite, Nikola im obezbedi 35000000000 odsteta. Pa sega sudete koj e podobar. Da ne go zaboravime i Gjorgje koj sto izjavi deka razumen kompromis e razumen kompromis.
Од: mene
Датум: 18.04.2010 11:28:12
Blage zemi si go i nosi si go doma.Zaradi nego i takvite kako nego se sramam sto ziveam vo Makedonija.

Најди! во Утрински
Политика
Дожд ќе врне до среда
Медал за Глигоров од Медведев
Во Македонија има само четири осветлени тунели
Текстот за Македонија најкоментиран во историјата на „Економист“
Владата доволно ги помагала лозарите
Платите во здравството доцнат
Јунската одредница ја менува реториката на Ахмети