Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Во Македонија има само четири осветлени тунели

Сите 15 тунели во државава имаат вкупна должина помала од три километри

Билјана Ангеловска


Во Македонија има се' на се' 15 тунели. Бројката можеби и не е толку мала, колку што објективно е нивната должина. Сите тие заедно достигнуваат едвај три километри, поточно 2.910 метри. Најголемиот тунел се наоѓа на делницата Велес - Катланово, кај селото Катланово и има должина од 713 метри и коловоз широк 8,40 метри. Овој тунел, иако е стар 30 години, сепак, е најнов, пуштен е во 1980 година кога е предаден во употреба овој дел од автопатот Велес - Скопје. Тунелот е осветлен на најгорната точка по средина.

Ниту овој ниту кој било друг тунел во Македонија нема странично осветлување. Единствено, во двата последователни тунела Демир Капија - Удово пред неколку месеци се поставени рефлектирачки тела по осовинската линија на коловозот и на рабникот. Одозгора е осветлен уште и тунелот од Катланово кон Велес, додека сите останати се неосветлени. Во темница се двата тунела од Катланово кон Велес, кај Башино Село, двата тунела на патот Охрид - Ресен, потоа тунелот на делницата Скопје - Блаце, како и на правецот Битола - Прилеп. Освен овие, има помали тунели и на неколку регионални патни правци, како што се тунелите на стариот пат Демир Капија - Удово, на патот Градско - Прилеп, Охрид - Свети Наум и Макази - Царина, близу Отешево.

Во Агенцијата за државни патишта велат дека тунелите не се електрифицирани, бидејќи се многу куси, во нив се гледа од едниот до другиот крај и без светло. Но, онаму каде што има осветлување, се прават максимални напори да се одржува редовно и да нема прекини. Последните случаи кога во изминатите денови во неколку наврати тунелот кај Катланово беше во темница по неколку часа во текот на еден ден, всушност, беа резултат на активностите што ги преземаше ЕВН на одредени водови, поради што имаше реонски исклучувања, што доведоа до прекин на струјата и во тунелот.

Според Благоја Тевдовски од Агенцијата за патишта, досега не се случило осветлените тунели да бидат во темница подолг период поради несоодветно одржување. „Никогаш не дошло до прекин на струјата поради штедење или нешто слично. Еднаш се случи да биде украдена трафостаницата, поради што имаше проблем одреден период, но тоа беше инцидентно и оттогаш не се случило ништо слично. Редовно се менуваат прегорените сијалици, светлечките ленти, се обележува сигнализацијата“, вели Тевдовски.

За одржување на тунелите се грижи јавното претпријатие „Македонија пат“. Во описот на работните задачи влегува редовното чистење на коловозите во тунелите, ед��аш годишно бојадисување на ѕидовите заради поголема јасност во внатрешноста на тунелот, електроодржување, под што се подразбира редовна замена на прегорените сијалици. Борче Саржовски, раководител на подружницата „Автопат“, појаснува дека осветлувањето на тунелите е направено во текот на нивната изградба и тоа според проекти за осветление, во кои точно се определени потребниот број сијалични места.

Електрификацијата на нашите тунели ги исполнува стандардите пропишани за ваква категорија тунели. Експертите се согласуваат дека тунелите, како впрочем, и самите патишта во државава, плачат за реконструкција. При една таква генералка, сигурно ќе биде направена модернизација и на тунелите, барем во оној дел во кој може да се интервенира, како што се нивните коловози, обележувањето, сигнализацијата и осветлувањето. Сепак, јасно е дека не може да се очекува комплетна промена на нивниот лик и воведување новитети, како што се поставување странични сијалици или вентилација. Такво нешто имаат само тунелите долги по неколку километри.


#
Статијата е прочитана 710 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 17.04.2010 00:11:17
Ама затоа има еден куп осветлени споменици и јарболи со знамиња... Остваруваме...
Од: dara bubamara
Датум: 17.04.2010 07:42:06
No zatoa pak ima osvetleno iljadnici metalni stolbovi so znaminja i desetici anticki figuri bez glava.
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 17.04.2010 09:00:21
Нашиот „пат во Европа“, води токму преку тие Цели Четири осветлени тунели! Имаме „Европски“закони, „Европска“власт, но ете, Никако не ни успева да имаме и Европска Држава! Секогаш сме на чекор до неа! Вечно! Па... затоа сме Macedonia Timeless! :) Весело Си Гувееме во Мракот!
Од: 2.910 метри
Датум: 17.04.2010 10:32:11
Планинска земја а само толку малку тунели? Да не беше бившата држава нема да знаат лучето што е тунел.Поздрав од 1890 година.
Од: георге
Датум: 17.04.2010 23:47:18
Ве молиме без цензура!!! Во Бугариjа има убави тунели и се им е убаво. Да влеземе прво во Бугариjа и автоматски ќе влеземе во Европа!

Најди! во Утрински
Политика
Дожд ќе врне до среда
Медал за Глигоров од Медведев
Текстот за Македонија најкоментиран во историјата на „Економист“
Груевски се инаети со Брисел
Владата доволно ги помагала лозарите
Платите во здравството доцнат
Јунската одредница ја менува реториката на Ахмети