Текстот за Македонија најкоментиран во историјата на „Економист“
Лондон - Лондонскиот реномиран весник „Економист“ повторно се осврна на спорот околу името меѓу Македонија и Грција, по минатиот напис што беше најкоментиран текст во историјата на весникот.
Во анализата на спорот околу името весникот заклучува дека и доколку аргументите на Грција се вистински и таа е во право, Македонија треба да го задржи името, бидејќи тоа е придобивка за сите зошто ќе биде зајакната стабилноста во регионот.
„Грчкото тврдење (грубо кажано) е дека Македонија е име што и' припаѓа на античка Македонија и на северната грчка провинција што го носи тоа име. Комунистичка Југославија го даде тоа име на нејзината јужна република како провокација по грчката Граѓанска војна. Ако го прифати ’Македонија‘ како име за поранешната југословенска република, Грција би го признала приграбувањето на името од страна на комунистите и би станала подложна на територијални барања или дури тероризам. Таа тврдоглаво одбива да му дозволи на северниот сосед да продолжи на патот кон членство во Европската унија и НАТО се' додека не се помрдне од ставот во врска со името“, наведува весникот. „Економист“ оценува дека не држи ниту аргументот за опасен иредентизам. „Како релативно голема земја и членка на ЕУ и на НАТО, Грција не може да нуди ваков изговор во однос на нејзиниот мал северен сосед. Последните 20 години покажаа дека проширувањето на ЕУ и на НАТО е најдобар начин да се направи проблематичното соседство побезбедно“, се истакнува во текстот.
Авторот на написот поаѓа и од друга претпоставка, а тоа е дека се во право македонските, како што ги нарекува, најзакоравени протагонисти дека тие се наследници на античката цивилизација, додека Грција е етнонационалистички силеџија со фашистички тон што се противи на словенското малцинство на северот“.
Заклучокот што весникот го изведува од оваа анализа е дека: „ако властите од Скопје се во право, тогаш непризнавањето на нивното име е срамота. Ако не се право, дури и ако се будалести и провокативни, давањето на нивното посакувано име чини помалку отколку што тврди Грција, и има големи придобивки за сите, преку зајакната стабилност“. (МИА)
Аааа... Дали зад фантастичниот број на Коментари се кријат Нивните, или, пак „нашите“ коментатори?Некој на „Економист“ му дал Погрешни информации! Грција воопшто не се противи на Словенско малцинство на северот, туку на „Античкото“Македонско малцинство, кое претежно живее во Република Македонија!
Од: flying-monaco
Датум: 17.04.2010 09:52:02
London ja ponovuva kristalno chistata slika kako togashnite komunisti na SFRJ i nivnite prijateli im go podarija Egejskiot del na Grcija samo nashite deneshni KOMUNISTI ni gi zatvaraat ocite i po sekoja cena sakaat da ne dokrajchat za voopshto da ne postoime. Kako malce da im beshe privatizacijata, posledniot zalag leb ni go zedoja, a sega i imeto da ni go prodadat, i pak nema da se zasitat.Shto tishka ke beka ovie nash komunisti, kako ne se pogodeja da se rodat vo Romanija belki zaedno so Chausesku ke si zamineja ke se spaseshe narodot...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 12:07:11
Нема коментари виножитни,се однесуваат како онаа голема риба со мустаќи,жалосно што угледни весници,интелектуалци и обичен свет во странство имаат поголемо разбирање за нашите проблеми отколку домашниве виножитни верглачи за промена името по секоја цена.Нема леди Сирма,јас,Трпе отаде Градско и останатите виножитни трабанти да коментираат,затое разликата во светлосни години во моја корист.
Од: Ангел
Датум: 17.04.2010 14:07:16
Што треска овој од Ален што сте му објавиле коментар. Грција над македонскиот народ изв��ши егзодус. На северот и тука е истиот македонскиот народ кој пред 100 г беше поброен од Срби Грци ,не мене читај го Чуповски или Лотар или Македонскиот идентитет од Мицов......Ти Ален си недоучен не ја занаеш вистината така тресеш и и штетиш на Македонија.
Од: nacional-patriot
Датум: 17.04.2010 18:16:26
Do Alen from black space.Atina ne saka da priznae makedonsko malcinstvo,poradi nivniot makedonski identitet.Znaci na Atina i smeta nivnoto etnicko ime Makedonci.Takvite kako Alen so svitkani kicmi za sreka se malcinstvo vo Makedonija.
Од: III одделение
Датум: 17.04.2010 20:54:16
Ангеле,комедијо,колку школо имаш?Знаеш ли што е alien,а што Ален?!Ај,заврши трето,па после пишувај.