Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Струмички театар со „Роденден“ гостува во Црна Гора

Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица вечерва гостува на Меѓународниот фестивал посветен на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Ансамблот на струмичкиот театар пред црногорската публика ќе се претстави со „Роденден“ од Харолд Пинтер во режија на Крсто Јовановски. На фестивалот во Никшиќ учествуваат претстави од повеќе балкански и европски земји.

Следното гостување на струмичкиот театар е во Скопје. На сцената на Турскиот театар на 26 и 27 февруари, струмичани ќе се претстават со две изведби на претставата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски.

Во текот на март и април Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица е поканет да гостува во Радовиш, годинешниот град на културата. Во Радовиш, ансамблот на оваа куќа ќе се претстави со „Роденден“ и со монодрамата „Велика“ работена според романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во изведба на Зора Георгиева. (Л.М.)


Статијата е прочитана 65 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Жешка атмосфера пред доделување на „оскарите“
„Венеција виа МКЦ“ на „Сараевска зима“
Извадоци
Значајна издавачка продукција во НУБ „Св. Климент Охридски“
Поетска вечер во Струмица
Промовирана „Битката за Бога“
МНТ установува актерска награда „Амфи“
Видеопрезентација во Центарот за култура во Струга