Значајна издавачка продукција во НУБ „Св. Климент Охридски“
Библиографските изданија за Кочо Рацин и Блаже Конески содржат над 1.500 референци и претставувуваат голема помош на проучувачите на нивното творештво
Изданијата се дистрибуираат во сите библиотеки во Република Македонија и во 120 библиотеки во светот
Невена Поповска
„Издаваштвото е значаен дел во реализацијата на функциите и задачите на НУБ „Св. Климент Охридски“, која од основањето па до денес успешно се развива.- истакна меѓу другото директорот на НУБ, Миле Бошески на вчерашната средба со новинарите која се одржа по повод претставувањето на издавачката дејност на Библиотеката во 2008 година. Освен изработката и објавувањето тековна и ретроспективна библиографија на Република Македонија и други библиографии, продолжи Бошески, што претставува законска обврска на НУБ „Св. Климент Охридски“, Библиотеката има подготвено и објавено повеќе печатени и електронски изданија со кои на пошироката јавност и се претставува националното културно богатство кое е дел од нејзините фондови.“
Проектот „Палеографски албум“ том I Словенски ракописи од Археографската збирка во НУБ „Св Климент Охридски“ пред присутните ја претстави д-р Виолета Мартиновска, која рече: „Станува збор за првиот дел, првата книга, која опфаќа ракописи од 13 до 18 век, а потоа предвидуваме да објавиме уште една книга во која ќе бидат застапени ракописите од 19 век. Ос��овната идеја поради која се одлучивме за изработка на едно ваков дело беше претставување на нашето историско и национално културно богатство собрано од нашите цркви и манастири, кое за прв пат почна да го собира академик Владимир Мошин, а истите се чуваат во Ахреографската збирка во НУБ „Св. Климент Охридски“. Проучувањето на еден ракопис, продолжи Мартиновска, претставува бескраен океан од можности бидејќи се нудат голем број аспекти за истражување. Ракописите содржани во „Палеографскиот атлас“ се оригинални и со тоа на светот сакаме да му ја покажеме нашата книжевна историја. Ракописите се преведени на англиски, германски, француски, руски и италијански јазик, а најстариот ракопис е т.н. Фрагмент од Посентриод. Станува збор за текст за Соломон од 13 век пишуван на пергамент.“ Осврнувајќи се на значењето на овој проект, Мартиновска потенцираше дека веќе посоти интерес во странство за овие ракописи, при што напролет во Џенова некои од нив ќе бидат презентирани. „Како автор на едно вакво дело мислам дека Македонија токму со вакви проекто треба да се претставува пред светот со целокупното свое богатство“-заврши Мартиновска.
Библиотекарскиот преглед; Рефератите презентирани на Првата научна средба по повод патрониот празник на НУБ „Св Климент Охридски“ и рефератите од Втората научна средба посветена на книжевното творештво на Климент Охридски, како и библиографското издание посветено на Четвртата средба светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија пред присутните ги претстави Санде Стојчевски, а Јовица Тасевски-Етернијан се осврна на библиографските изданија. „Библиографското издание „Бели мугри“ од Кочо Рацин, објавено по повод сто годишнината од раѓањето на Рацин, прв македонски автор објавен во плејадата на УНЕСКО и седумдесет годишнината од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ во Хрватска и библиографијата посветена на Блаже Конески, која содржи над 1.500 референци за Конески и која на проучувачите на неговото дело им се од голема помош, претставуваат стручни библиотекрски изданија поврзани со содржинската и формалната обработка на публикациите и со меѓународните библиотекарски стандарди.“-рече Тасевски и продолжи, Библиографии се објавуваат секоја година во Библиотеката. Тие се дистрибуираат во сите библиотеки во Република Македонија и во 120 библиотеки во светот со кои соработуваме. На овој начин се афирмираат нашите вредности во светот.“
Сето ова самото по себе укажува на големото значење што го има издавачката продукција на НУБ „Св. Климент Охридски“. |