Поетска вечер во Струмица
Поетска вечер со современите македонски писатели Виолета Танчева-Златева, Трајче Кацаров и Борче Панов, ќе биде одржана денес со почеток во 18 часот во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“.
Презентери на нивното творештвото ќе бидат тројца писатели од градот: Вања Изова - Велева, Никола Маџиров и Трајче Бјадов. Поетската вечер како граѓанска иницијатива е организирана од група струмички љубители на пишаниот збор, во соработка со Библиотеката. (К.Б.) |