Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

МНТ установува актерска награда „Амфи“

Наградата „Амфи“ на 21 март секоја година ќе му биде доделена на актерот со најголем број одиграни претстави

Лилјана Митевска

Гламур и забава на театарската сцена - ова е интенцијата на тимот на Македонскиот народен театар кој установува нова актерска награда која ќе се доделува во стилот на американските „оскари“. Станува збор за наградата „Амфи“ која на 21 март секоја година ќе му биде доделена на актерот со најголем број одиграни претстави, во рамките на една голема вечерна церемонија креирана во стилот на „оскарите“.

„Со цел да се мотивираат актерите да прифаќаат улоги без оглед на нивната големина, односно обемот на ангажманот, ја установуваме оваа награда. Одредница е квантитетот, а не квалитетот. Поточно, го наградуваме трудот. На пример, лани имавме околу 220 изведби. Наградата ќе ја добие актерот кој играл во деведесет отсто од тие изведби, а ќе биде доделена на 21 март, денот на роденденот на Ристо Шишков, чие дело исто така ќе биде во фокусот на овогодинешното, иницијално доделување на наградата. Значи, покрај доделувањето на наградата на најангажираниот актер во МНТ, секоја година ќе биде претставено и делото на некој од македонските актерски бардови. Тоа ќе биде ден кога се слави актерот“, вели директорот на МНТ, Сашо Миленковски.

Наградата „Амфи“ е парична и се состои од 1.000 евра во денарска противвредност кои театарот ги обезбедува од сопствени приходи. Но, она што претставува највозбудлив дел е всушност чинот на најзиното доделување, најавуваат од МНТ. „Вечерната церемонија е замислена во стилот на холивудското доделување на „оскарите“, со поголем број на водители кои ќе имаат мини скечеви зачинети со многу хумор, настапи на музички бендови кои соработувале со МНТ, како и мини филм и изложба посветени на Шишков и на неговата филмска и театарска дејност“, вели Синиша Евтимов, задолжен за сценариото на целиот овој настан, кој ќе го режира Васил Христов. Додатен интересен податок е фактот што откако ќе биде прогласен, добитникот на наградата ќе има сопствен настап во рамките на свеченоста, во времетраење од петнаесетина минути.

„На некој начин, покрај стимулација за работа, овој настан ќе биде и забава за нас самите од оваа фела. Билети нема да се продаваат, а на свеченоста ќе може да се дојде само со покани. Практично, поканети ќе бидат пријателите на МНТ, оние од бизнис-светот, естрадата и медиумите. Политичкиот протокол ќе биде исклучен“, вели директорот на МНТ, Сашо Миленковски.

Каков што е случајот и со „оскарите“, постои идеа вечерната свеченост на доделувањето на наградата „Амфи“ да се пренесува во живо на некоја од националните телевизии.


Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Жешка атмосфера пред доделување на „оскарите“
„Венеција виа МКЦ“ на „Сараевска зима“
Извадоци
Значајна издавачка продукција во НУБ „Св. Климент Охридски“
Поетска вечер во Струмица
Промовирана „Битката за Бога“
Струмички театар со „Роденден“ гостува во Црна Гора
Видеопрезентација во Центарот за култура во Струга