Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Видеопрезентација во Центарот за култура во Струга

Во Арт-киното на Центарот за култура во Струга вечерва во 20 часот ќе биде прикажан видеозаписот на музичкиот ораториум „Страстите по Матеј“ на епископот Иларион Алфеев.

Ораториум е изведен од Чајковскиот симфониски оркестар, Хорот на Третјаковската галерија и познатите руски солисти, раководени од диригентската палка на светски познатиот маестро, Владимир Федосеев. Федосеев за делото на епископот Иларион ќе изјави: „Авторот на ова дело се свртил кон душите човечки, се свртил кон Вечната книга - Евангелието... тоа е музика што проникнува во душата на секој човек“. Епископот Иларион Алфеев е роден во Москва во 1966 година. Студирал виолина и композиција на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва и бил еден од најдобрите студенти во историјата на оваа институција, но ги прекинал студиите и се замонашил. Ја завршил Московската духовна семинарија, дипломирал и магистрирал на Теолошката академија во Москва, а докторирал филозофија на Оксфорд. Во 2001 е избран за епископ на Руската православна црква и нејзин претставник во европските институции во Брисел, а во 2003 година за епископ виенски и австриски. Автор е на повеќе од 600 публикации. (К.Б.)


Статијата е прочитана 108 пати.

Испрати коментар

Од: Центар за култура - Струга
Датум: 20.02.2009 09:40:30
Проекцијата на ораториумот започнува во 14 часот, а не како што е напишано во текстот во 20 часот.
Од: Mери
Датум: 20.02.2009 10:19:34
Ораториумот започнува во 14h. Поздрав

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Жешка атмосфера пред доделување на „оскарите“
„Венеција виа МКЦ“ на „Сараевска зима“
Извадоци
Значајна издавачка продукција во НУБ „Св. Климент Охридски“
Поетска вечер во Струмица
Промовирана „Битката за Бога“
МНТ установува актерска награда „Амфи“
Струмички театар со „Роденден“ гостува во Црна Гора