Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Граѓанска иницијатива за итна изградба на спомен-куќата на Тоше

Се очекува кон крајот на октомври, конечно, да стартуваат градежните работи за изградба на објектот

Моника Талеска

КРУШЕВО - Над илјада граѓани од Крушево, Прилеп, Скопје, Битола и од други градови на Македонија вчера се потпишаа во книгите за поддршка на граѓанската иницијатива за интензивирање на работите и итна изградба на спомен-куќата на македонскиот хуманист и пејач - мегаѕвездата Тоше Проески.

„Имаме огромна поддршка од граѓаните. Само за четири и пол часа првиот ден на акцијата се собрани над илјада потписи во двете книги отворени во центарот на градот и кај гробот на Тоше, а акцијата ќе трае до 15 јуни. Тоше беше голем хуманист, човек кој несебично му помагаше на секого, тој беше амбасадор на македонската музика во светот, но, и покрај големите обврски, секогаш наоѓаше време за пријателите, за Крушево, за оние што ги сакаше. Тој му помагаше на секого и заслужува итно да биде изграден објектот што ќе биде негова спомен-куќа“, вели Методија Стојчески, негов другар и член на Иницијативниот одбор. Оваа граѓанска асоцијација е поддржана и од основното и средното училиште во Крушево, одбојкарскиот клуб „Синалко“, од многу граѓански здруженија и невладини организации.

„Револтирани сме поради тоа што и по осум месеци од трагичната смрт на Тоше не се презедоа конкретни мерки за изградба на спомен-куќата на место што е само стотина метри оддалечено од неговиот гроб на Гумење. Акцијата не е насочена против никого. Целта е институциите на државата да го разрешат проблемот со локацијата и мотелчето кое не работи повеќе од 20 години и колку што може побргу да почне изградбата. Имаме сознанија дека некој сака спомен-куќата да биде дислоцирана на друго место. Но, крушевчани нема да го дозволат тоа, зашто наша обврска е да ги спроведеме идеите на Тоше. На тоа место тој сакаше да го изгради своето студио, не успеа во таа идеја. За жал, се случи трагедијата, но тука ќе ја изградиме неговата спомен-куќа“, вели Никола Ќурчиевски од Иницијативниот одбор.

Градоначалничката Лефкија Гажоска, која е и член на Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше Проески, вели дека се преземени сите мерки, но работите кочат кај сопственикот на т.н. мотелче, Петар Пановски.

„Сметам дека најбрзо што може Паноски треба да дојде во Крушево и заедно со претставниците од Министерството за култура да го реши овој проблем. Имајќи го предвид руинираниот објект на Гумење, сметам дека сумата од 105.000 евра што ја побарал Паноски е превисока“, вели Гажоска.

И покрај инсистирањето, вчера не успеавме да исконтактираме со Пановски. Од Историскиот музеј, пак, очекуваат дека до крајот на месецов со вонсудска спогодба со Пановски проблемот ќе биде решен.

„Објектот е дивоградба. Пановски е сопственик на две, а Историскиот музеј на една идеална третина од објектот. Но, за изградба на спомен-куќата треба да се сруши сегашната дивоградба, па на државно земјиште да започнат градежните работи за реализација на главниот проект. Бидејќи во актуелниот судски спор тој е тужител, му понудивме да си го повлече објектот, а со вонсудска спогодба ќе биде обесштетен. Според судското вештачење, цената на објектот е трипати пониска од 105-те илјади евра што ги бара Пановски за возврат“, вели Калиопи Бојчиноска, директорка на Историскиот музеј.

Таа информира дека следен чекор ќе биде изработката на главниот проект за кон крајот на октомври конечно да стартуваат градежните работи за изградба на спомен-куќата на Тоше на Гумење.


Статијата е прочитана 640 пати.

Испрати коментар

Од: дани
Датум: 06.06.2008 07:37:45
овие денови толку сум изреволтирана што и на вас новинарите немојте да му давате значај на еден паразит , кој е тој човек? нека си стави прст на глава кај се сега инспекторите завршете ја работата без да ни се смее светот
Од: irena
Датум: 06.06.2008 09:28:10
vo celost ja podrzuvam dani
Од: Lile skopje
Датум: 06.06.2008 09:28:12
Ova e pod sekoe nivo,Tose li zasluzi da se setaat spisoci i na takov nacin da pocne izgradbata na memorijalniot centar.Gi razbiram lugeto,si baraat poddrska i ja IMAAT od site ,gi molam site nadlezni pobrzo da se angaziraat okolu toa i da pocne rabotata kako sto dolikuva.Sto ke pomislat site obozavateli koi od daleku trgnale za rodnoto mesto na Tose koga ke ja vidat taa slika ,tie masicki i spisoci za poddrska???Eve ako treba neka dadat zirosmetka da se soberat pari za toj Peco,nie narodot,site koi go sakame Tose ke donirame kolku sto mozeme da mu ja zadovolime alcnosta samo pobrzo toa da se trgne od dneven red.Za Tose se ke napravime ,za Tose so ljubov i planini ke pomestime kako sto ubavo toa go kazaa negovite fanovi od hrvatska.TOSE ZASEKOGAS
Од: jasminka
Датум: 06.06.2008 10:49:21
Кај нас ниту една работа не може да помине без компликации и скандали, така што не е чудно и ова сега. И кога се работи за вакви чувствителни работи, секогаш се наоѓаат "паметени" да ги кочат работите и да гледаат да си остварат профит. Со еден збор СРАМОТА!
Од: katarina
Датум: 06.06.2008 11:50:04
Mislam deka gospodinot Panovski treba da se zasrami i treba dobrovolno da se otkaze od delot, bez da bara pari kako nadomestok, zatoa sto nema pari koi mozat da go otplatat ona sto Toska go napravi i ostavi za nas.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Нов видеоспот и настап на Радиски фестивал за Сања Лефкова
„Евросонг“ е на ниво на Европско првенство во фудбал
Сјајот на стариот дијамант
Раат