Нов видеоспот и настап на Радиски фестивал за Сања Лефкова
Младата поп-пејачка Сања Лефкова завчеравечер во кафулето „Тренд“ го промовираше својот нов видеоспот за кантавторската тема со која требаше да се натпреварува на домашниот Избор на песна за Евровизија - „Животот е твој“. Покрај спотот, Лефкова промовираше и цеде на кое се најдоа сите нејзини досега испеани песни, како што се „Лијат години“, „Отров и лек“, „Солза по солза“... По промоцијата во Скопје, Сања ја очекува настап на првиот Радиски фестивал во земјава „Ѕвездена ноќ“ што ќе се одржи во Охрид од 28 до 30 јуни. |