Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт
Судир на Ибра и Ето во нивното деби за новите клубови

Вечерва на „Џузепе Меаца“ Барса му гостува на Интер во рамките на 1. коло од групата Ф во ЛШ

Златан Ибрахимовиќ и Самуел Ето вечерва имаат фантастична можност да сервираат аргументи за најинтересната фудбалска дебата летово: Кој е вистинскиот победник, Барселона или Интер во историската трампа, како што ја нарекуваа многу светски медиуми.

Имено, Барселона и Интер на „Џузепе Меаца“ ќе го одиграат својот прв меч во групата Ф од Лигата на шампионите. Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милано со желба да го демонстрира својот професионализам, да ги тргне на страна емоциите и да докаже дека неговиот нов дом се вика Барса.

„Му кажав на тренерот Гвардиола неколку битни информации за Интер. Тие сега имаат неколку нови играчи и тука е проблемот. Јас лично мислам дека и двата тима се максимално подготвени да го пружат својот максимум“, посочи Ибрахимовиќ, кој за Интер постигна 57 гола во 88 меча во Серија А, и шест во 22 меча во ЛШ.

Од друга страна и Ето, кој има реализирано 109 гола во 144 лигашки меча и 18 погодока во 43 натпревари во ЛШ за Барса, е максимално мотивиран да му покаже на својот бивш тим дека не бил во право кога инсистирал на негова продажба. За какви двајца фудбалери станува збор меѓу редови кажа контроверзниот тренер на Интер, Жозе Мурињо.

„Ето е најдобар напаѓач во светот. Моите играчи се секогаш најдобри. Минатата година Ибрахимовиќ беше најдобар во светот, сега е Ето“, викна Мурињо на вчерашниот прес.

Ибрахимовиќ беше инспирацијата на Интер за последните три титули во Италија, но Ето со досегашните игри им прати јасна порака на навивачите на Интер дека не треба да жалат за Швеѓанецот, кој несомнено вечерва ќе биде во фокусот на вниманието. „За мене тој имаше огромно значење за нашата игра, за фановите не знам. Ќе го поздравам пред да почне мечот, но за време на 90. минути не сакам да му го знам името. Ние сега сме противници, но не и непријатели. Благодарејќи на него ние сме шампиони на Италија“, додаде Мурињо.

Самуел Ето, пак, едвај ја чека средбата со тренерот на Барса, Гвардиола, со кого имаше вербален конфликт врзан за неговото заминување во Интер. „Играме ние против нив, а не јас против Ибрахимовиќ. Нема да излезам сам на терен“, вели стрелецот на еден гол во победата на Барса над Манчестер јунајтед во последното финале во ЛШ (2:0).

Двата тима се сретнаа и во втората групна фаза во 2002 година. На „Ноу камп“ славеше Барса со 3:0, а во реваншот беше нерешено, со што и двата тима се пласираа во четврт-финалето.

Денеска играат



Група Е

Ливерпул - Дебрецин, Лион - Фиорентина

Група Ф

Интер - Барселона, Динамо Киев - Казан

Група Г

Штутгарт - Ренџерс, Севилја - Униреа Урзичени

Група Х

Олимпијакос - Алкмар, Стандард - Арсенал


#
Статијата е прочитана 413 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Русија ни ги прекина соништата за четврт-финале
Србија загуби од Турција, ама помина во четврт-финале
Дел Потро го симна Федерер од престолот во Њујорк
Серена Вилијамс
Медведев ја одликува Дементиева
Кога ќе играат Металург и Вардар про?
Лотус влезе како 13. тим во Формула 1