Лотус влезе како 13. тим во Формула 1
Лотус го победи БМВ Заубер и ќе биде 13. тим кој ќе се натпреварува во Формула 1 од идната сезона. ФИА доби пријава од БМВ, но бидејќи не се сигурни кој ќе биде сопственик на германската фирма (во меѓувреме понуден на швајцарска корпорација) се реши за Лотус кој нема проблеми со сопственоста. Но, БМВ ќе биде 14. тим кој ќе се натпреварува во „октанскиот циркус“ идната сезона ако некој тим се откаже. Исто така, ФИА нагласи дека постојат големи шанси на стартот на квалификациите да се појават 14 тима со што натпреварувањето ќе биде многу поинтересно.
Лотус во Формула 1 се натпреваруваше од 1958 до 1994 година, а ќе има финансиска поддржаа од малезиската влада и нивни бизнисмени, меѓу кои и Тони Фернандез, сопственик на „Азија ерлајнс“. Технички директор ќе биде Мајк Гаскоњ кој е повеќе од 20 години во најбрзиот спорт на четири тркала. Седиште на фирмата ќе биде англискиот Норфолк, кој се наоѓа 15 километри оддалечен од фабриката на Лотус, и која има околу 50.000 квадратни метри, а ја изгради Тојота за својата програма во Формула 1, а после неа ја презема Бентли за својата успешна програма „Ле Ман“.
Лотус договори соработка за мотори со Косворт. |