Медведев ја одликува Дементиева
Русинката доби Орден на честа за високите достигнувања во спортот
Рускиот претседател Дмитри Медведев ја одликува тенисерката Елена Дементиева со Орден на честа за нејзините високи достигнувања во спортот. При таа прилика, Медведев и посака на Дементиева да продолжи со успесите на турнирите кои и донесоа висок пласман на ВТА-листата.
„Сакам да ви се заблагодарам од името не милиони обожаватели кои ги следат вашите успеси“, рече Медведев.
Елена Дементиева го прими Орденот на честа заедно со уште 127 спортисти од оваа земја кои на Олимписките игри во Пекинг освоија една од трите медали. Со Орден на честа се одликуваат граѓаните на Русија за високи достигнувања од областа на политиката, економијата, науката, културата, спортот, хуманитарната област, како и за остварените активности со цел подобрување на животот на своите сонародници. Орденот на честа кој секогаш се носи на левата страна на градите, во Русија е градиран веднаш зад ордените кои се доделуваат во армијата. |