Парис Хилтон
Создава сопствен синџир на хотели
Парис Хилтон станува конкуренција на сопственото семејство. Богатата наследничка на синџирот луксузни хотели „Хилтон“ има намера и самата да основа хотелски бизнис.
„Досега направив се' што посакав и се' што може да се направи. Бидејќи сум порасната во такво опкружување, секогаш сум била заинтересирана за таа работа“, рекла русокосата. „Сега е време да го направам тој чекор - ќе отворам сопствени хотели“- најавила наследничката, која обожава да се забавува. Неодамна Парис се пофалила дека е неверојатна готвачка и дека слободното време го минува во подготвување деликатеси за своите пријатели. - Појадокот ми е најсаканиот оброк, така што секогаш подготвувам купишта храна - тост, омлет, можеби и палачинки. Исто така, подготвувам најдобри лазањи на светот - се пофалила Хилтон. Можеби некој од своите специјалитети ќе ги понуди и како посебен деликатес во своите нови хотели. |