Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Финска најдобра за живот, Чешка за секс

Водејќи се од идејата дека не е сеедно дали сте родени во Калифорнија или во Авганистан, дали растете во некоја од европските метрополи, или на индиска слама, американскиот магазин „Њусвик“ рангираше стотина земји според условите за живеење

Американскиот магазин „Њусвик“ објави листа на држави кои се најдобри за живее��е. Водејќи се од идејата дека не е сеедно дали сте родени во Калифорнија или во Авганистан, дали растете во некоја од европските метрополи или на индиска слама, американскиот „Њусвик“ рангираше стотина земји според условите за живеење. За да ни е мирна душата, Македонија воопшто не била земена предвид при оценувањето меѓу 100 земји што биле мониторирани. Но, од нашето опкружување Словенија го има освоено 24. место, а Хрватска 28. според квалитетот на животот.

Оценувањето е вршено според пет критериуми: развиеност на школството, здравството, општ квалитет на животот, динамика на економијата и политичкото опкружување. Според просекот од сите овие категории, Финска го зазела првото место како држава каде што најдобро се живее. Финска е држава каде што сите наставници имаат високо образование, каде што дури третина од учениците добива приватни часови за дополнителни подучувања. На второ место е Швајцарија, додека на трето - Шведска. На дното на листата е Буркина Фасо.

Додека врвот на листата е резервиран за Европејците, неславниот назив за најлоши земји за живот уверливо им припадна на африкан��ките држави. Во стотата земја на листата, Буркина Фасо, писмени се само 22,6 отсто од населението, а очекуваниот животен век е 43 години. Според „Њусвик“, дури 81,2 отсто од жителите на Буркина Фасо преживува со помалку од 2 долара на ден.

И покрај сериозноста на испитувањето, „Њусвик“ објавил и листа создадена според критериуми кои не влегуваат во петте основни категории. Така, според неформалните критериуми, Индија е најдобра земја за симнување змејови од покривите на куќите, а Чешка е најдобра држава за секс. Холандија е најпријателски настроена за истополно ориентираните. Најдобра земја за уживање во храната е Шпанија, додека за патување со автомобил - Јужноафриканската Република...

„Колку е помала земјата, толку и' се подобри шансите“, вели авторката на студијата Рана Форухар, на која во изработката на студијата и' помагале експерти од неколку американски институти.

„Кога почнавме да ги споредуваме земјите, веднаш се покажа дека доколку земјата има помалку жители, изгледите за високо место на листата и' се поголеми. Кина е голема земја, со голем економски потенцијал и моќ, но факт е дека половина од нејзините жители се' уште живеат во беда“, вели Форухар. Исто така, Индија и Бразил се економски моќни земји, но без никаков проблем според квалитетот на животот поминаа Словенија и Хрватска.

Хрватска на оваа листа го има заземено релативно високото 28. место, само четири места зад Словенија, но, сепак, е подобро пласирана од некои земји кои се членки на Европската унија, како што се: Полска, Унгарија, Бугарија или Романија.

„Секако, ова истражување не е премногу прецизно, зашто е невозможно да се пронајдат параметри по кои можете да споредите стотина светски земји“, вели Форухар. „Сепак, резултатите даваат прилично верна слика на моменталната ситуација, која се менува со текот на времето. Денешните резултати сигурно нема да вредат за неколку години. Многу зависи со која динамика земјите ќе излегуваат од рецесијата, или како ќе се одвиваат политичките процеси во одредени држави“, констатира авторката на студијата, Рана Форухар. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1770 пати.

Испрати коментар

Од: oceski-mavrovo
Датум: 19.08.2010 01:02:17
aloooo bicekliskiiiii kade si. ili pak ne si slusnal za ova oti ne citas bilo kakvi vesnici. hahaha tesko nas so ovaa nasa virtuelna vlada. bila i da ne se povtori, ne sotraa site do eden-ne izlazaa,ne ispokaraa edni so drugi,ne ograbija,ne dovedoa na pitacki stap...pa majkamu stara valda ne tolku glup makedonskiot narod da trpi vakvo derege vo 21 vek. a ako e glup neka trpii i poloso neka go snajde. jas definitivno resiv-se selam od ovaa zemja so prokleta vlada.
Од: Goce
Датум: 19.08.2010 05:28:44
Од балканските земји Словенија на 24 место, Хрватска - 26, Бугарија - 38 место, Романија - 39, а Албанија на 57 место. A na koe mesto e Makedonija?
Од: Mirce
Датум: 19.08.2010 08:27:24
Makedonija e najeftina sex destinacija vo Evropa. Sekoja vecer biznismeni od Kosovo,Bugarija,Grcija trosat pari na eftin sex,hoteli,provod, pa devizen priliv po osnov na ovaa "dejnost" e mozebi pogolem i od devizite koj gi praka dijasporata. Praga e poznata po sex industrijata no e preskapa. Mozebi naskoro ke bideme na nekoj spisok na najposakuvani destinacii za sex.
Од: NLO
Датум: 19.08.2010 09:02:38
Makedonija pripaga na grupata na "neidentifikuvani objekti"na zemjata planeta,Ne mu se sekirajte de,Marsovci rabotat na slucajot narecen :MAKEDONIJA
Од: Aaron
Датум: 19.08.2010 10:24:03
Vo listata se Nigerija- 99-to mesto i Burkina Faso-100-no. Makedonija ja nema vo svetskata lista, no vozmoznoto i mesto e 78-82.

Најди! во Утрински
Забава
Мисиците се сликале голи
Казнета поради стриптизот во новиот спот
Создава сопствен синџир на хотели
Концерт на „Некст тајм“ во Битола
Дуке Бојаџиев промовира нов албум