Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

СКАНДАЛ НА МИС УНИВЕРЗУМ

Мисиците се сликале голи

Најновите фотографии на кандидатките за избор на „Мис на универзумот“ предизвикаа вистинска бура во јавноста и многу контроверзии, бидејќи на сликите позираат „облечени“ само во шарени цртежи.

Имено, учесничките на натпреварот што ќе се одржи на 23 август во Лас Вегас, направиле низа промотивни фотографии на кои нивните тела се украсени и насликани со т.н. „боди пеинт“, односно со необични бои и мотиви. Ако се суди според одредени реакции на медиумите, најмногу критики отидоа на сметка на мис САД, Рима Факи, која е топлес, токму како и мис на Тринидад и Тобаго, Латоја Вудс. Најос��ра во своите осуди беше бившата организаторка на изборот за мис, Енџи Мајер, која за „Фокс њуз“ изјавила дека таквите фотографии ги деградираат девојките и целиот натпревар.

„Вознемирувачки е што овој избор се претвори во сликање за „Плејбој“. Топлес-фотографии, наместо вкусни уметнички слики ги ставаат учесничките во многу компромитирачка ситуација“, изјавила Мајер.

Организаторите на натпреварот се обидоа да објаснат дека девојките се сликани во смело издание заради подобра промоција на самиот настан, кој традиционално се пренесува преку малите екрани низ светот.

„Сакавме да ја прикажеме различноста на девојките што доаѓаат од повеќе од 80 земји. Во културите на некои од нивните татковини голотијата е возвишена и се смета за врв на убавината“, неуверливо соопштила организацијата на „Мис универзум“, која е во сопственост на познатиот милијардер Доналд Трамп и компанијата Ен-Би-Си.


#
Статијата е прочитана 1806 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Финска најдобра за живот, Чешка за секс
Казнета поради стриптизот во новиот спот
Создава сопствен синџир на хотели
Концерт на „Некст тајм“ во Битола
Дуке Бојаџиев промовира нов албум