Концерт на „Некст тајм“ во Битола
Членовите на минатогодишниот македонски евровизиски претставник „Некст тајм“ ги одбројуваат деновите до нивното ново големо дружење со фановите. Во рамките на културната манифестација „Битфест“, „Некст тајм“ ќе го одржат својот втор солистички концерт во прекрасниот простор на античкиот театар Хераклеја во Битола.
На к��нцертот, за кој тие секојдневно напорно вежбаат, ќе ги исполнат речиси сите свои песни, како и неколку нивни омилени странски нумери. В петок, 20 август, во 21 часот на своите фанови ќе им подарат двочасовна забава, за која освен Мартин и Стефан ќе се погрижат и членовите на нивниот придружен бенд. |