ЕРИКА БАДУ
Казнета поради стриптизот во новиот спот
Пејачката Ерика Баду е казнета со 500 долари и шест месеци условна казна поради стриптизот што го извела на снимањето на видеоспотот во Далас, на плоштадот каде што е убиен претседателот на САД, Џон Ф.Кенеди, во 1963 година.
Во спотот за песната „Window Seat“, снимен на 13 март, се гледа како Ерика Баду се соблекува во од. Снимката завршува со сцена во која пејачката паѓа гола на земја.
Полицијата ја обвини за нарушување на јавниот ред и мир. Во видеоспотот се гледаат случајни минувачи и туристи, меѓу кои биле и деца. Портпаролот на градските власти на Далас изјавил дека Ерика Баду во минатата недела ја платила казната.
Песната „Window Seat“ потекнува од албумот „New Amerykah Part Two (Return of the Ankh)“ објавен во март годинава. |