Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Тетовските средни училишта неподготвени за целосен опфат на генерацијата

Неопходни се интервенции во вредност од над 320.000 евра за учебната година да се пречека подготвено

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Тетовските училишта немаат просторен капацитет за целосен опфат на генерацијата што од есен треба задолжително да го продолжи средното образование. Во петте средни училишта, според бројот на паралелките и слободните места по конкурсот, не би требало да има проблеми. Меѓутоа, нема училиште во кое не треба да се извршат зафати за проширувања на просторот. Според Енвер Беќири, одговорен во Секторот за образование на Општина Тетово, неминовно се интервенции во вредност од над 320.000 евра за да се пречека учебната година подготвено. Од истиот извор се дознава дека дури 25 отсто од генерацијата осмо одделение во минатата учебна година не пројавиле никакво интересирање за запишување во средно училиште.

Деновиве по ова прашање расправаше Советот на Општина Тетово. Енвер Беќири информираше дека во двата изминати уписни рока над 1.200 осмоодделенци биле одбиени поради понизок успех од конкурсниот. За нив ќе има слободни места во не така атрактивните средни училишта каде што за третиот, па и дополнителен четврти уписен рок ќе се симнат критериумите и пошироко ќе се отворат вратите во средното образование. Најмногу слободни места ќе има во Земјоделскиот и во Текстилниот училиштен центар. Места за упис ќе има и во гимназијата и во економското училиште, главно настава на албански јазик. Од аспект на бројки малку над 600 осмоодделенци не пројавувале никакво интересирање за средно образование. Проблем е и со нивните родители кои рамнодушно се однесуваат кон ова прашање. За зголемување на бројот на паралелки според конкурсот треба да се извршат зафати во речиси сите средни училишта. Во гимназијата за пет нови училници биле потребни околу 200.000 евра. Во Земјоделското околу 100.000 евра, а во другите три училишта за незначителни средства од вкупно дваесетина илјади евра би се добил потребниот број училници. Секторот за образование предлага и алтернативни просторни решенија надвор од постојните објекти, како што се тетовската касарна, стариот катастар и Работничкиот универзитет во кои се потребни поголеми вложувања, но и разрешување на проблемот за подолг период.

Советниците на Општина Тетово на минатонеделната седница уште еднаш ја искажаа својата загриж��ност од индиферентниот однос на Министерството за образование од каде што не бил добиен никаков одговор за актуализираниот проблем, а кое треба да обезбеди средства за разрешување на просторниот проблем во средното образование. Иако до почетокот на претстојната учебна година останува уште само еден месец, како што стојат сега работите, а тоа значи во ниедно средно училиште ништо не се презема за приспособување на просториите за нови училници се изразува сомнеж дека средното образование во Тетово подготвено ќе ја пречека новата учебна година. И овие согледувања, аналитички и со предлози повторно од вчерашната седница се доставени до Министерството за образование.


Статијата е прочитана 105 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Тетово се збратими со општина Коња од Турција
Спомен-плоча на велешани загинати во ДАГ
Скапите градежни материјали ќе ја изѕидаат вредноста на становите
Фрчат забрани и глоби за да се дисциплинираат граѓаните
Во Трново се одржа 28. традиционална иселеничка средба