Број 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Во Трново се одржа 28. традиционална иселеничка средба

Битола - Во организација на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција, вчера во Трново се одржа 28. традиционална иселеничка средба. Претседателот на организација, Никола Костурски, обраќајќи се пред присутните рече дека Македонците биле и ќе останат Македонци. „ Ние не сме варвари, туку отсекогаш сме биле Македонци и Македонци ќе останеме“, нагласи Костурски.

Во име на претседателот на Владата, Никола Груевски, собирот го поздрави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. „Дозволете ми да ви оддадам почит за вашата истрајност, за вашата упорност, достојност и желба да се изборите за она што на сите нам ни припаѓа како на луѓе“, истакна Милошоски. За сите ваши напори, додаде тој, ја имате и ќе ја имате и во иднина моралната и секоја друга поддршка од Владата на Република Македонија и нашите институции, затоа што почитувањето на човековите права, залагањето за нив и помагањето да се остварат, за нас не се предмет на калкулација, туку принцип кој ќе биде дел од нашата сегашна и идна политика.

Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција синоќа планираше да организира блокада на македонско-грчката граница, поради начинот на кој Грција ги третира Македонците од Егејскиот дел на Македонија. (П.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 898 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Тетово се збратими со општина Коња од Турција
Спомен-плоча на велешани загинати во ДАГ
Скапите градежни материјали ќе ја изѕидаат вредноста на становите
Фрчат забрани и глоби за да се дисциплинираат граѓаните
Тетовските средни училишта неподготвени за целосен опфат на генерацијата

"""