Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Фрчат забрани и глоби за да се дисциплинираат граѓаните

Секое прекршување на наредбите и одлуките дебело удира по џебот на граѓаните

Јулијана Кимовска

Долга листа на забрани треба да запаметат граѓаните за да не им се случи да добијат висока парична казна ако прекршат некоја наредба или одлука. Во последниве неколку години се донесоа повеќе закони и одлуки со кои се регулираат повеќе сфери од секојдневниот живот. Пред две години владата го донесе Законот за забрана за пушење на јавни места, се забрани зборување на мобилен телефон додека се управува автомобил. Од март почна да се спроведува и Законот за забрана за фрлање догорчиња и отпад на несоодветни места, а една од забраните кои ги вознемири граѓаните е забраната за ненајавено движење во шумите, бидејќи се однесува и на прошетките во најблиските и најубавите излетнички места. Од септември стопанствениците ќе мора да направат дополнителни трошоци поради новините во Закон за употреба на македонскиот јазик. Фирмите чиишто имиња се на странски јазик ќе мора да ги менуваат своите рекламни паноа и да ги пишуваат исклучиво на македонски јазик, инаку следуваат високи казни.

Законите и забраните се донесуваа речиси секој час, но останува прашањето колку од нив се практикуваат и спроведуваат во секојдневниот живот и колку граѓаните ги почитуваат.

Надлежните ги објаснуваат забраните како начин да се подигне свеста на луѓето за подобро живеење, да се заштити природата и животната средина.

Според Законот од 2005 година, во објектите во кои се приготвува, служи и продава храна, 70 отсто од просторот треба да биде определен за непушачите, а физичката оддлаченост меѓу масите на непушачите и на пушачите треба да биде најмалку четири метри. Во оние места каде што се служат само пијалаци, 60 отсто би требало да им припаѓаат на гостите кои не пушат. Оваа забрана строго се контролираше во почетокот, сите кафулиња и ресторани го уредуваа својот простор и маси според законските прописи. Но, како минува времето, така контролите и казните од 2.000 до 4.500 евра не ги заплашуваат сопствениците на угостителски објекти. Доволно е само мала прошетка низ кафулињата за да се види дека оваа забрана повеќе се прекршува отколку што се почитува.

Многу граѓани со големо изненадување и збунетост ја дочекаа одлуката за забрана за ненајавено движење низ шумите. На оние кои прошетките низ шумите им претставу��аат вистинско задоволство се плашеа дека пред да можат да уживаат во убавините на природата ќе мора да поминат низ куп бирократија за да добијат дозвола за шетање низ државните шуми.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека оваа одлука, која стартуваше пред две недели, засега се почитува.

Докази за ова почитување се 200 издадени дозволи во текот на минатиот викенд за прошетка во Парк-шумата „Водно“ во Скопје. Дозволите ги издава ЈП „Паркови и зеленило“ и оттаму велат дека одлуката за најавување на прошетките не ја намалила посетеноста на парк-шумата.

„Дозволите се воведени само за евиденција кој ги посетува шумите, со цел поголема заштита и превенција. Според досега издадени дозволи, можеме да заклучиме дека посетеноста на шумите не е намалена во споредба со периодот пред воведувањето на дозволите и граѓаните ја почитуваат оваа одлука“, вели Елизабета Ѓорѓиевска, портпаролка на „Паркови и зеленило“.

Но, друга е сликата за забраната за фрлањето догорчиња и отпад на несоодветни места. Инспекцијата има полни раце работа, ги казнува несовесните граѓани кои фрлаат ѓубре на секое ќоше од градот. Од март годинава досега Комуналната инспекција на Скопје морала да напишале 102 казни, од кои само 46 се платени.

„Не' изненадуваат реакциите на граѓаните кои ги казнуваме. Досега не сме имале ниту еден инцидент, граѓаните мирно ги прифаќаат глобите кои се движат од 30 евра за фрлање догорче од цигара и до 200 евра за потешки прекршоци“, вели Александар Бошковиќ.

Тој додава дека пријатно се изненадени од реакциите на младите, кои морале да ги казнуваат поради фрлање на ѓубре во Градскиот парк.„Сите смирено ги прифатија казните и голем дел од нив се платени“, додава тој.

Новите казни кои најмногу ги засегаат фирмите и правните лица се однесуваат на почитувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик. Откако Собранието ги изгласа промените во Законот, сите имиња на фирми, кафулиња, ресторани, излози и рекламни паноа ќе мора да бидат напишани на литературен македонски јазик. Ако оваа одлука не се почитува, прекршителите ќе мора да плаќаат високи парична глоба од 2.000 евра до 3.500 евра.

Повеќето граѓани ја одобруваат оваа одлука и велат дека е добро да се користат натписите на македонски јазик. Но, сигурно ќе има тешкотии за фирмите кои веќе имаат имиња на англиски јазик, а сега ќе мора да ги преведуваат на македонски. Нивните имиња би можеле да звучат доста интересно, но и смешно.

Една од забраните кои не им се особено омилени на возачите, за што и често добиваат казни и предупредувања од полицијата, е забраната за зборување на мобилен телефон додека возат. Само од почетокот на годинава до минатата недела 514 граѓани добиле казни за зборување на мобилен во автомобил, а казната за овој прекршок е 45 евра или пак 25 казнени поени.

„Зборувањето на мобилен телефон додека се вози го одзема целото внимание, поради што може да дојде до катастрофални несреќи. И покрај тоа, возачите не ја почитуваат оваа забрана и продолжуваат да зборуваат на мобилните додека возат“, велат од МВР.

Граѓаните различно реагираат на сите казни и забрани, според некои ваквите одлуки на институциите се потребни за да се воведе ред, но на некои едноставно не им се допаѓаат забраните.

„Треба да се воведе ред. Едноставно, луѓето нема да се научат дека не треба да фрлаат ѓубре или да палат цигари каде што ќе им текне. На сите ни пречи отпадот, а постојано го има по улиците. Можеби сега откако ќе им се удри по џебот, ќе најдат соодветно место за своите отпадоци“, вели една скопјанка.

За некои сите овие казни се претерување и се сосема непотребни. Велат дека најмногу од се' ги вознемирува одлуката дека мора да извадат дозволи за да прошетаат низ шумите. „Малку е нелогично. Јас секој викенд сум на Водно и сега, за да прошетам низ планината, ќе мора да ги молам институциите да ми дадат дозвола за тоа“, вели 25-годишен скопјанец.


Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар

Од: lut
Датум: 27.07.2008 18:58:43
Sega za da odime i vo TOALET ke treba da se javime.
Од: vladimir
Датум: 28.07.2008 01:27:01
aj se ke sfatam ama za edna rabota se cudam! kako toa zabrana za frlanje na dogorcinja? pa kade da se frlaat vo kontejner? pa ke se zapali nesto taka na zapad ima posebni delovi od korpite specijalizirani za gasenje i frlanje na dogorcinja, prvo se sozdavaat uslovi pa posle doagja obvrskata,zatoa ve molam smensoi e ova smee da se pusi na otvoreno a nema kade da se frli dogorceto valjda nema da se seta so pepeljara!?:)
Од: jimmy1
Датум: 28.07.2008 06:34:36
Zabrana za sve!!! Toa e diktatura na Makedonskiot Idi Amin- Grujo. Koga ke se vnesat zabrani za ovaa vladina stoka, ali toa vazi samo za podolnata klasa. Dali dobivme drzava da bideme podeleni na klasi i sekoj da si igra so nas kako sto saka. Treba da se organiziraat grupni prosetki niz prirodnite mesta, i dokolku ima problemi so vlasta, site tie setaci zavzemanje treba da izvrsat zavzemanje na vladata i sobranieto, i seta taa stoka da se isprati od kade sto dosla. Pa i nie imame pravo na sloboda i demokratija a ne cel zivot da ne vladeat diktatori, aramii i teroristi. Makedonija im pripaga na site gragani a ne samo na nekolku magarinja. Ova nesto nevideno i treba da se vnese vo knigite na svetskite cuda. Gruji!!! mi se moca, ispratime sto pobrzo dozvola.
Од: jovan
Датум: 28.07.2008 08:54:17
Deka krajno vreme e da se disciplinirame i civilizirame toa e nesporno. Da go zememe samo primerot so soobrakajot pa ke vidime na koe primitivno nivo sme, i nema nisto loso vo toa da se donesat Zakoni koj ke gi sankcioniraat "serifite". No sega se postavuva prasanjeto dali tie Zakoni se sproveduvaat i NA KOGO se sproveduvaat, i dali del od Zakonite, pravilata i ogranicuvanjata se izdrzani ili se samo prepisani od Evropa a ni samite ne znaeme dali se ispravni za nasi uslovi(primer vo leto na 50 stepeni mora da vozis so upaleni svetla, a i Grcija i Spanija se EU pa nikoj ne vozi so upaleni svetla vo leto).
Од: Sime
Датум: 28.07.2008 10:42:27
Abe makedonci be... Kako toa vo ustavot na RM pisuva, deka e zagarantirana slobodata na dvizenje, a vamu zabraneto dvizenje po shuma? - Aj prvo prochitajte go ustavot, pa posle trk vo ustaven sud. Do ima na internet.
Од: marce
Датум: 28.07.2008 11:03:59
Nikoj ne gi zastituva graganite od ,preglasnite folkeri na ulicnite kafeani koj dobile rbotni dozvoli / koj znae kako? /i funkcioniraat vo sklop na stambenite zgradi.Cesto odime na rabota nenaspani, zgrozeni od pijanstvo i pcosti na nekoj,,neranimajkovci,, i nikoj za ova ne vodi griza , kade se inspekciskite sluzbi
Од: evropa
Датум: 28.07.2008 11:42:12
ova li e usoglasuvanje so zakonite na EU?zosto negi gi usoglasat zakonite kako svoevremeno sto go napravi slovenija i bugarija?nese potrebni zakoni za cistota potrevbni se pari i vospituvanje a toa makedonecot go ima isto kolku i evropejcite no letovo se slucuvase da nosam parce hartija povece stotini metri da go frlam ne od strav od kazna tuku zatoa sto opstinata ce treba da plati nekoj da go zbere toa a toa se na nas grb no vo mak nema kanti za djubre na sekoi 50metri a i tie sto gi ima nekoi nikogas nese cistat a na zapad po nekolku pati ne den gi praznat primer vo Ohrid od mostot do hotel Park nitu edna kante za djubre a koj tuka da se kazni??????
Од: Sonja
Датум: 28.07.2008 14:08:46
Shumite ne se shtitat birokratski, od kancelarija. Potrebno e vrabotuvanje na cuvari koi ke gi obikoluvaat izletnickite mesta, a ne da se maltretiraat graganite so trista administracii. Nacionalniot park Mavrovo denes e golema deponija na site pristapni mesta so kola. Se palat ognovi za skara i Mavrovo vo leto nalikuva na indijanska naselba. Kade se cuvarite na redot, ili tie se odmaraat na ladovina so izdavanje dozvoli? Ovaa zabrana, na nacinot na kojsto e smislena e primitivna i smeshna.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Тетово се збратими со општина Коња од Турција
Спомен-плоча на велешани загинати во ДАГ
Скапите градежни материјали ќе ја изѕидаат вредноста на становите
Тетовските средни училишта неподготвени за целосен опфат на генерацијата
Во Трново се одржа 28. традиционална иселеничка средба