Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Скапите градежни материјали ќе ја изѕидаат вредноста на становите


Фабриката за производство на арматурна мрежа „Гаматроникс“ во Делчево увезува железо од Украина. Цената се менува речиси еднаш неделно и поскапува од 20 до 40 евра за тон

Поскапувањето е последица на растот на цената на нафтата и големите инвестиции во Кина, Индија и Русија

Билјана Ангеловска

Вредноста на станбениот квадрат во новоградбите се очекува наскоро да порасне за околу 20 проценти од досегашната. Бранот поскапувања што ги зафати буквално сите сегменти во државата, не го одминува ни градежништвото, каде што веќе неколку месеци се чувствува голема раздвиженост на цените на градежните материјали. Според градежните работници, главен „виновник“ за поскапувањето е перманентниот раст на вредноста на нафтата и мазутот на светските берзи, што неминовно се одразува на поскапување на транспортот на одредени материјали, како што е на пример железото, но огромно влијание има и зголемената побарувачка од страна на огромните пазари во Кина, Индија, Русија, арапските држави.

„Во последниов период цената на железото што го увезуваме од Украина се менува речиси еднаш неделно. И тоа не поскапува за малку, туку за 20 до 40 евра за тон. Ние увезуваме просечно околу 500 тони месечно, а во екот на градежната сезона и повеќе. Вакво нешто досега не се случувало“, вели Елизабета Крстевска, директор на фабриката за производство на арматурна мрежа „Гаматроникс“ од Делчево.

Како што појаснува Крстевска, од почетокот на годинава секој месец се забележува континуирано големо поскапување на цената на железото. Така, на пример, во јануари годинава еден тон железо беше за 17 отсто поскап отколку што чинеше истиот месец минатата година. Во април е забележано поскапување од 24 проценти, во мај дури 47,6 отсто, додека рекордни 62 отсто повисоки цени се забележани во јуни година во споредба со јуни лани. Значи, за првите шест месеци од годинава железото, што е составен дел на буквално сите видови градежни објекти, е за 30 проценти поскапо отколку во истиот период минатата година.

„Бетонското железо и профилите поскапуваат секој месец за седум до осум отсто. Поскапувањето е последица на постојаниот раст на цената на горивата, на зголемената експлоатација на рудата, но и на поскапувањето на морскиот транспорт, на големите инвестиции во Кина, Индија и Русија и на глобализацијата на големите компании“, вели првиот човек на фабриката за производство на заварени цевки „Метал“, Илија Гечев.

Покрај железото, кое сепак, учествува само со 11 проценти при изградбата на една зграда, зголемување на цената бележат и другите градежни материјали. Поскапуваат и песокот, цементот, фракциите, потоа тулите, гипсот, керамиката и друго. Во март годинава цементот поскапе за 5 проценти, а поради зголемената цена на транспортот, се очекува многу брзо да дојде до ново поскапување на бетонот. Во последниве два месеца се поскапени и тулите и тоа за 10 до 15 отсто, повторно како резултат на зголемувањето на цената на мазутот и на нафтата.

Градежните работници стравуваат дека ако поскапи и струјата за 50 проценти, како што се најавува, со перманентното поскапување на транспортот , градежништвото ќе доживее страшен удар. Сепак, не сите се согласуваат со таквата констатација. Според Гечев, иако цените и натаму незапирливо ќе одат угоре, не смее, ниту пак ќе дојде до застој на инвестициите во Македонија. Дотолку повеќе што цените на становите во Скопје се' уште се многу пониски отколку во големите градови во опкружувањето, како во Белград, Софија, Солун. Во Македонија, смета Гечев, и натаму е евтино земјиштето, ниски се комуналните такси, а евтина е и работната рака. Тоа, на некој начин веројатно ќе го амортизира поскапувањето на материјалите, што би требало да го ублажи и зголемувањето на вредноста на станбениот квадрат.

 


Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Тетово се збратими со општина Коња од Турција
Спомен-плоча на велешани загинати во ДАГ
Фрчат забрани и глоби за да се дисциплинираат граѓаните
Тетовските средни училишта неподготвени за целосен опфат на генерацијата
Во Трново се одржа 28. традиционална иселеничка средба