Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Берзата на барабан

Почна процесот на продажба. Објавен е тендер за избор на стратегиски партнер

Соња Маџовска

Почна процесот на продажба на Македонската берза. По барање на акционерите на Берзата, уште пред да се донесат законските измени што ќе ја овозможат продажбата, вчера беше објавен тендер за избор на стратегиски партнер. Акционерите кои од поодамна се за продажба на Берзата собрале пакет од 66 отсто што ќе им биде понуден на инвеститорите, а целата постапка ќе се одвива според принципот на затворен тендер.

„Анализирајќи ги можните правци за развој на Македонската берза и начините за нејзино најоптимално позиционирање во регионот на Југоисточна Европа, дел од акционерите на Берзата што поседуваат мнозински пакет-акции проценија дека понатамошниот развој на Берзата треба да се остварува преку воспоставување стратегиско партнерство со некоја водечка европска или регионална берза врз основа на сопственичко интегрирање. За таа цел, во изминатиот период беа преземени соодветни активности, при што од страна на 16 акционери на Берзата, кои поседуваат над 66 отсто од вкупно издадените акции, беше склучен договор, согласно со кој постапката за продажба на стратегиски купувач ќе се спроведува според принципот на затворен тендер“, стои во известувањето до јавноста од Македонската берза.

При крајот на ноември до повеќе реномирани европски и регионални берзи била доставена понуда да се изјаснат за својот интерес за учество на овој тендер. Од берзата не откриваат колку берзи пројавиле интерес. Оттаму само известуваат дека станува збор за реномирани берзи што ги задоволуваат потребите за обезбедување конкурентност во целиот процес. „До 15 декември се пријавиле неколку берзи со добро реноме, финансиски параметри, напредна технологија за тргување и интензивни активности во насока на креирање регионален интегриран пазар на капитал кои соодветствуваат со стратегиските цели на Берзата“, велат од Берзата.

Иако целиот процес започнува пред да се донесат законските измени, од Македонската берза велат дека предуслов за негова реализација е да се донесат соодветните измени во Законот за хартии од вредност, со кои се бара еден акционер да поседува повеќе од 10 отсто од акциите на Берзата.

Вчера хрватските весници излегоа со информации дека интерес за преземање на Македонската берза пројавиле повеќе европски берзи, но според хрватските гласила, за најпосакуван купувач во Скопје се спомнува Загрепската берза. Интерес пројавиле Виенската берза и скандинавската ОМЏ, додека Германската и Варшавската берза се откажале, бидејќи се работело за мала аквизиција. Според хрватските аналитичари, цената на Македонската берза се движи околу 10 милиони евра, што е премногу со оглед на вкупниот промет на Берзата, кој годинава ќе изнесува околу 200 милиони евра.

 


Статијата е прочитана 236 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Гошев
Комерцијална банка во партнерство со „Виза“
За автоиндустријата 13,4 млрд. долари
Нафтата падна на 33 долари
„Тиквеш“ ја забрза исплатата на грозјето
„Космофон“ со плус поволности за „Ало“
Дали МБПР може директно да дава кредити?