Комерцијална банка во партнерство со „Виза“
Комерцијална банка вчера објави партнерство со „Виза“. „Новото партнерство на двата веќе докажани бренда Комерцијална банка, најголема и најуспешна банка во земјава, и светскиот лидер во работење со картички 'Виза' воведува целосно нова линија на платежни картички од брендот 'Виза' со одлични услови, како и проширување на можностите во финансиското работење“, информираат од Комерцијална банка. Станува збор за палета од нови платежни картички на Комерцијална од брендот „Виза интернационал“, и тоа дебитна картичка „виза електрон“, кредитна картичка „виза класик стандард“, револвинг кредитна картичка „виза класик“ и кредитна картичка „виза бизнис“. (Ек.Р.) |