Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Дали МБПР може директно да дава кредити?

Александар Пешев


Се разгледува опцијата Државната банка за поддршка и развој (МБПР) да добие законска можност директно да ги кредитира претпријатијата наместо да продолжи со индиректно кредитирање, преку банките, што беше случај досега. Оваа опција ја анализирала и Владата на една од своите седници.

„Ќе поддржиме една таква ситуација, но мора да видиме дали е тоа модалитетот што е најкорисен за македонското стопанство“, појасни вицепремиерот Зоран Ставрески. „Банката треба соодветно да се екипира, треба да си обезбеди стручни служби и служби за процена на ризикот доколку се оди на такво решение. Се разбира, начинот на процена на ризикот на проектите да биде идентичен со оној што го имаат комерцијалните банки, бидејќи се работи за десетици милиони евра кредитен потенцијал и битно е да биде максимално искористен во овие сложени економски времиња“, додаде вицепремиерот.

Владата, во консултации со стопанските комори и централната банка, ја разгледува можноста за реструктурирање на МБПР. Ставрески смета дека банката има потенцијал да го поттикне развојот на малите и на средните претпријатија во земјава и да го поддржи извозот. „Тоа се двата сегмента во кои банката може да биде најефикасна и во кои ваквите банки работат и во другите земји. На тоа нормално се надоврзува и осигурувањето на извозот и гаранциите за извоз“, рече Ставрески по вчерашната средба.

Претставниците од стопанските комори се надеваат дека со реструктурирањето на државната банка ќе има поевтинување на капиталот. „Со тоа би се направила структурна промена на македонското стопанство во смисла поголем дел од БДП да биде произведен во мали и во средни компании, со што би се зголемила виталноста на македонската економија и би се зголемил извозот“, посочи претседателот на Сојузот на стопанските комори, Мирче Чекреџи.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, е оптимист дека ќе има законски измени во легислативата што ја регулира работата на државната банка. „Оптимисти сме дека ги имаме лоцирано сите точки што се потребни за едно поинакво редизајнирање на условите кои ги дава оваа банка во името на државата и дека наредната година тоа ќе биде од голема помош за извозните компании кои се наоѓаат во извонредно тешка ситуација и за малите и средните претпријатија“, подвлече Азески.

Гувернерот на Народна банка на Македонија, Петар Гошев, засега се воздржува од коментирање на очекувањата на Владата и стопанствениците. „Откако некои прашања ќе бидат ставени на хартија и откако ќе бидат разгледани, централната банка ќе го каже своето мислење во врска со предлозите“, рече Гошев.


Статијата е прочитана 189 пати.

Испрати коментар

Од: Docent Dr Marija Zarezankova-Potevska
Датум: 20.12.2008 09:33:02
Makedonskata banka za poddrshka na razvojot osnovana ushte vo 1998 godina trebashe da bide delovna banka,spocijalizirana i nameneta za potrebite na malite pretprijatija, a posebno na pochetnicite v o delovnoto rabotenje.Nazalost, togash eden minister propagirashe deka edinstveno bankarskiot sistem, a ne specijalizirani banki i drugi institucii (fondovi, programi) moze da dava krediti, shto beshe nalozeno od Svetskata banka i MMF, zashto tie smetaa deka makedonskata vlast e mnogu korumpirana i vo toj slucaj bi davala krediti samo za svoi ligje, pretprijatija.Odtogash ovaa banka postoi samo proforma, bez nikakva uloga vo finansiranjeto na pretprijatijata,a osobeno na novite pretprijatija, ia ko e poznata svetskata praksa na specijalizirani banki i razni drugi instrumenti za finansiranje na pretprijatijata, nadvor od bankarskiot sistem odnosno od klasichnite delovni banki,zashto novite pretprijatija imaat potreba od relativno eftini ikapital.Novata MBPR kje bide efikasna.
Од: "eden minister"
Датум: 20.12.2008 13:48:09
Eve Zarezankova znae kako treba. Dobro e. Ako ova funkcionira treba taa da se nagradi. Ama ako parite od MBPR propadnat, bar ke znaeme kogo da sudime zaedno so Stavrevski za pottiknuvanje na pronevereni pari na drzavata.

Најди! во ��трински
Барај со НАБУ
Економија
Гошев
Берзата на барабан
Комерцијална банка во партнерство со „Виза“
За автоиндустријата 13,4 млрд. долари
Нафтата падна на 33 долари
„Тиквеш“ ја забрза исплатата на грозјето
„Космофон“ со плус поволности за „Ало“