Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

„Хипо алпе“ засега не си оди од Македонија

Австриската „Хипо алпе адрија“ во следните пет години сигурно ќе остане во Македонија. Ова вчера за „Утрински весник“ го изјавија од „Хипо алпе адрија“ во Македонија, откако агенциите објавија дека австриската групација ќе се повлече од нашата држава до 2014 година.

Поточно, информацијата која ја пренесоа нашите агенции се темели на пишувањата на виенскиот весник „Формат“, кој се повикува на увид во планот за закрепнување на банката. Според овој весник, австриската групација „Хипо алпе адрија“ ќе се повлечела од половина од своите пазари, меѓу кои е и Македонија, до 2014 година.

Според истиот извор, австриската банкарска групација, која во декември беше преземена од државата, има намера да ги продаде своите дејности во Македонија, Црна Гора, Унгарија, Бугарија и во Украина. „Хипо алпе адрија“, како што наведува весникот, ќе продолжи да работи со Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и во Австрија.

Се нагласува дека банката Хипо алпе адрија ќе мора да продаде се' што не спаѓа во основната дејност на групата, а тоа вклучува продажба на хотели и на сите удели во туристичката дејност. Банката, според весникот „Формат“, годинава се очекува да ја заврши со загуба од 411 милиони евра, во 2011 загубата да се намали на 173, а во 2012 на 44 милиони евра, додека во 2013 година работата треба да стане профитабилна.

По оваа информација, од „Хипо алпе адрија“ во Македонија изјавија дека тие во овој период сигурно нема да си одат од Македонија. „Точно е дека групацијата го дели, односно го сегментира пазарот, заради полесно манипулирање со него. Точно е и дека Македонија влегува во вториот сегмент, но во никој случај не станува збор за напуштање на тие пазари. „Хипо“ сигурно нема да си оди од Македонија, пред се', поради фактот што тука има долгорочни пласмани. Дури и да се случи најлошото сценарио, Групацијата „Хипо“ сигурно ќе биде тука во следните пет години“, објаснуваат од „Хипо“ во Македонија. ( Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 730 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Стопанските детективи не се како на филм
Банките ги пишуваат скриените трошоци со најмали букви
Грција да избира меѓу банкротство и излез од еврозоната
Бугарија засега се откажува од еврото
Каматата за кредитите од ЕИБ - шест проценти
Првиот турски хотел со седум ѕвезди - во Истанбул
Земјоделски производи меѓу Македонија и Албанија без царина