Бугарија засега се откажува од еврото
СофиЈа - Бугарија, поради превисокиот буџетски дефицит во 2009 година, засега се откажува од влегувањето во еврозоната. Според новите пресметки, буџетскиот дефицит изнесува 3,7 проценти БДП, а не 1,9 отсто, како што беше планирано.
„Засега се откажуваме од влезот во еврозоната, бидејќи не ги исполнуваме критериумите“, изјави претседателот на бугарската влада, Бојко Борисов.
Бугарија планираше од средината на оваа година да влезе во европскиот механизам на менувачки курсеви, а еврото да го преземе како национална валута во 2013 година.
Од друга страна, Естонија настојува да стане 17. членка на еврозоната во 2011 година, за што Унијата треба да донесе одлука во почетокот на јули годинава. (Ек.Р.) |