Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Цените растат, Синдикатот ќе реагира ако има енормен скок?!

Ако се оценело дека има голем пораст на цените, ССМ ќе барал од Владата да помогне од стоковните резерви

Маја Томиќ

„Синдикатот будно ја следи состојбата со цените. Ако сметаме дека има значителни поскапувања, ќе реагираме со конкретни барања до Владата да интервенира со субвенции од стоковните резерви. За тоа претходно ќе заземеме став на Економско-социјалниот совет“, изјави на вчерашната прес-конференција в.д. претседателот на ССМ, Живко Митревски, одговарајќи на прашањето, што ќе преземе Синдикатот во ситуацијата на тренд на постојан раст на цените, на речиси сите животни продукти, како и најавите за новите поскапувања од септември. Тој додаде дека ССМ отсега ќе поведува сериозни иницијативи до своите партнери за подобрување на економската состојба на работниците, и во таа насока, до нив наскоро ќе достави своја потрошувачка кошничка.

„ССМ цени дека статистиката не ја одразува вистинската слика за потребните трошоци на едно четиричлено семејство. Има многу повеќе елементи што треба да се вградат во потрошувачката кошничка, како што се комуналните трошоци, трошоците за превоз, за хигиена, за обувки, облека и слично. Ние подготвивме своја, реална кошничка за која наскоро ќе расправаме на Економско-социјалниот совет што набргу официјално ќе профункционира“, рече Митревски.

Тој посочи дека на завчерашната седница на претседателството на ССМ е донесена одлука да се упати јавен повик за здружување со сите синдикати, посебно со Конфедерацијата на слободни синдикати, додавајќи дека се веќе прележани синдикалните болести и дека на земјата и' се потребни мобилност, обединување и јакнење на синдикатите. Целта е да се подобри социјалната положба на работнице, по примерот на европските синдикати. Дали другите синдикати се расположени да го прифатат повикот на ССМ? Според Митревски, ССМ има историска одговорност да повика на здружување и на формирање заедничка стратегија за клучните економски состојби и проблеми.

Во врска со намалувањето на бројот на работниците, како последица од кризата, што веќе го регистрира и Статистика, Митревски рече дека во последниов период не е забележано значително отпуштање на работници и додаде дека во ССМ се' уште ги сумираат бројките од изминатиот период од годината.

„Ја анализираме состојбата по гранки и немаме се' уште конкретни бројки.

Се кажуваат различни цифри, за 10 илјади, 30 илјади, 40 илјади останати лица без работа, ќе видиме колку ќе излезат на крајот“, рече тој.

Според Ангелко Ангелковски, секретар во ССМ, во текстилната индустрија во наредните месеци сигурно ќе има намалување на работниците поради необезбеденост со работа. „Во септември-октомври годинава треба да се склучат договорите за сезоната пролет-лето 2011 година и тогаш конкретно ќе се знае дали и колку вработени ќе се отпуштат и дали некои од фирмите ќе се затворат. Не е отфрлена можноста, во посредство на Синдикатот, наместо откази, да се оди со намалување на платите или со принуден одмор“, рече Ангелковски.

ССМ најави дека ќе поведе иницијатива до партнерите за формирање солидарен станбен фонд, при што Владата би обезбедила бесплатни локации за градба, ССМ и работодавците одреден износ од членарината, а станбените објекти би се граделе со пари од финансиери од земјава и од странство, со поддршка од Европската банка за социјален развој.


#
Статијата е прочитана 531 пати.

Испрати коментар

Од: Сеирџија
Датум: 20.08.2010 12:12:27
Па нели потпишаа ДОГОВОР ЗА НЕНАПАЃАЊЕ Синдикатите и Власта. Во тек е изградба на леса (висечки мост) за да можат жедни преку Вардар да ги шетаат работниците за кои „ептен многу се грижат“.
Од: jalcn necipov
Датум: 20.08.2010 19:59:43
sekako deka treba vladata da pomogne vo vakva situacija bidejki slikata e za zaleje so 2000 socijalna pomos ne moze vakvi enormni ceni vo stranstvo ne se tolku enormni cenite a platite se 10 pati poveke .sindikatot veke treba da pokrene inicijativa.

Најди! во Утрински
Економија
Владата ќе го спасува виното откако ќе скисне
ЕК ја одобри втората транша од заемот
Груевски
Во Гевгелиско двојно повеќе тутун
Појаснување
„Гранит“ и „Бетон“ со намалени добивки