Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија
ЕК ја одобри втората транша од заемот

Европската комисија вчера ја одобри ��тората транша од заемот за Грција.

Портпаролот на ЕК, Амадеу Алтафаж, истакна дека Атина ги исполнила неопходните услови за заздравување на буџетот и за излез од економската криза. „Намалувањето на буџетскиот дефицит се одвива со побрзо темпо од планираното, добро се спроведуваат структурните реформи, што се клучен елемент за добивањето на заемот“, потенцира Алтафаж, додавајќи дека Атина ќе ги добие парите наскоро. Коментирајќи ги штрајковите во Грција, тој истакна дека се разбирливи социјалните тензии, но оти реформите во пензискиот систем и мерките во државната администрација се инвестиција во иднината на земјата. Втората транша од заемот изнесува 9 милијарди евра од вкупно предвидените 110 милијарди евра, кои и' ги доделуваат земјите-членки од еврозоната и од Меѓународниот монетарен фонд на Грција. Од деветте милијарди евра, земјите-членки на еврозоната ќе обезбедат 6,5 милијарди, а ММФ 2,5 милијарди евра. (МИА)

#
Статијата е прочитана 320 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Цените растат, Синдикатот ќе реагира ако има енормен скок?!
Владата ќе го спасува виното откако ќе скисне
Груевски
Во Гевгелиско двојно повеќе тутун
Појаснување
„Гранит“ и „Бетон“ со намалени добивки