Појаснување
Во вчерашната информација „’Витаминка‘ со загуба, ’Тетекс‘ со добивка“ за финансиските резултати на фирмите, направена е ненамерна грешка за работењето на „Витаминка“ од Прилеп. Наместо добивка, во насловот е објавено дека е остварена загуба, што не одговара на фактичката состојба и на содржината во текстот. Според соопштението од компанијата, како и во натамошниот текст, јасно се наведува дека фирмата имала намалена добивка, во споредба со ланскиот шестмесечен период, а не загуба. |