Непосредно пред бербата на грозјето се' уште се неизвесни мерките што ќе ги преземе Владата за да им помогне на винарските визби да не им скисне виното. Се планира да се субвенционира годинешното производство на вино, што автоматски би повлекло можност за целосен откуп на винското грозје. Сопствениците на винарските визби тактизираат, разговараат со претставници на Владата, но и кријат кои се моделите што им се предлагаат за испливување од винската криза. Дел од визбите вчера беа на состанок со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, но кога излегоа никој од нив не сакаше да одговори што им нуди државата. Изјава не сакаа да дадат ниту од Министерството, а оттаму посочија дека станувало збор за работен состанок, а дел од винарските визби негираа дека воопшто имало состанок, држејќи ги во тајност своите намери и тие на Владата. Тие, веројатно, на тој начин се обидуваат да ја спуштат цената на грозјето, а од друга страна, пак, да земат помош од државата за да се ослободат од огромните резерви вино.
„Расправавме за состојбата на грозјето и за претстојниот откуп. Имаше понуди што Владата ги даде за откупот на грозјето, но се' уште не се дефинирани мерките. Сепак, правиме напор да го откупиме севкупното грозје. Владата предлага стимулација околу откупот на грозјето. Не се тактизира со лозарите и со цената на грозјето, но станува збор за големи количини грозје, кои се останати во винарските визби и кои создаваат проблеми со откупот на новото грозје. Засега не се склучени никакви договори за откуп“, тврди Ѓорѓи Бебеџаков од винарската визба „Повардарје“.
Одлуката со какви мерки ќе им се помогне на лозарите и на визбите е одложена за наредната недела. Она што е извесно е дека најверојатно ќе се даде субвенција за литар произведено вино во домашните вински подруми и тоа преку субвенција на амбалажата на виното. Тоа би требало да биде мотив сопствениците годинава да откупат поголеми количини грозје, со што би се спасила домашната реколта. Пресметките одат во насока дека со оваа помош ќе му се помогне на нашето вино да се бори на глобалниот пазар со пониска цена. Осумдесетте винарски визби најверојатно ќе добијат помош од пет до шест денари за производство на литар вино во шише. Се шпекулира дека државата планира да донесе и странски откупувач на грозје на пазарот, што ќе го раздвижи пазарот и ќе создаде поголема конкуренција, која ќе ја диктира откупната цена. Визбите веќе најавија намален откуп поради намалената потрошувачка на вино на странските пазари. Тие се сега полни со едногодишни резерви.
Лозарите, пак, се во паника. На прагот на новата берба тие се' уште ги немаат добиено парите од ланската реколта. Се жалат дека состојбата е катастрофална затоа што за претстојниот откуп немаат ниту склучено договори со винарските визби. „Состојбата е катастрофална, ние ги немаме добиено парите уште од ланската берба. Не знаеме како ќе опстанеме оти и оваа година винарските визби најавија дека ќе откупуваат многу мали количини и по пониски цени од ланските“, се жалат лозарите.
Меѓу лозарите веќе се шират информации дека некои винарски визби почнале да калкулираат со цена од три денари за килограм „смедеревка“.
Останува да се види дали тоа ќе се реализира во практика или, пак, владината помош ќе овозможи откупните цени да бидат во некои разумни граници.
vika naslovot:VLADATA KE GO SPASUVA VINOTO DURI KOGA KE SKISNE.nisto cudno.ovaa vlada i mekedonija ke ja spasi od ekonomski kolaps duri otkako ke propadne.OSTVARUVAME.
Од: До “кумановац“-от
Датум: 20.08.2010 07:36:52
Оваа влада секоја година дава субвенции за грозјето, а оваа година ете ќе го субвенционира и виното. Само еднаш пред тоа, владата на Георгиевски (повторно од ВМРО-ДПМНЕ) дала субвенции за грозјето.За разлика од тоа, ниту една влада на СДСМ нема дадено ниту денар за грозџјето, како впрочем ниту за било која друга земјоделска култура, а владата на Груевски дава по 100-тина милиони евра годишно. Каква енормна разлика! ОСТВАРУВААТ!!!
Од: забеган.
Датум: 20.08.2010 07:42:00
Ај да ја видиме БЛАДАТА сега,Нека несе фали со Тутунарите.Нека им даде на лозарите не по 60 денари како на Тутунарите,него по 6 денари по килограм Грозје.Имало побарувачка на тутун а тие зинале на цел глас како ги помагале тутунарите.Помогнете кај што треба.
Од: Daniel od Kavadarci
Датум: 20.08.2010 09:16:59
Vinoto ne skisnuva,skisnati se golemite vinarii koi namerno ne sakaat da otkupat grozje za da predizvikaat socijalno nezadovolstvo. Zarem najgolemata vinarija na Balkanot sekoja godina ima problemi so plasmanot na vinoto? Sekoja godina istata situacija-malku tendeciozno.
Од: vlado
Датум: 20.08.2010 12:32:27
pa problemot e povekesloen po mene,no kulminira so namalena potrosuvacka na vino.i sto so toa.vinarskite vizbi se privatni firmi,vo najgolem broj kupeni badijala od drzavata.i toa taka sekogas biva,mozes badijala nesto da kupis,no sega imaat problemi so realizacijata na vinoto.ne gledam zasto toa bi trebalo mene da me zasega,kako danocen obvrznik,od MOI par da se subvencionira
proizvodstvoto na vino,na privatni proizvoditeli-firmi.
ako ne se vo sostojba da go prodadat vinoto,treba da se zaprasaat zosto e toa taka,dali e pogresna politika na cenite,ambalazata,marketingot,i sl.,i neka se koregiraat greskite.a ako definitivno ne gi biva ,neka si gi prodadat vizbite,kako sto toa go pravi sekoj kega ne mu odi biznisot. sto se odnesuva do lozarite,niv treba da im se pomogne,zatoa sto se permanentno lazeni od vinariite,te sadete shardone,te vranec ,te ova te ona,a posle puj-pike ne vazi.
vo sekoj slucaj,potrebna e konzistentna agrarna politika,civi prioriteti nema da se menuvaat stalno.