За премиерот Никола Груевски, концептот за привлекување странски инвестиции преку испраќање промотори низ повеќе земји во светот, е апсолутно исплатлив проект. Тој вчера како за пример наведе дека како резултат на работењето на економските промотори, во земјава била отворена болница во населбата Ѓорче Петров, инвестиција од Турција, која ја донел промоторот што работел во таа земја.
Ова е реакцијата на Груевски откако Агенцијата за странски инвестиции преку објавениот оглас завчера побара уште нови осум економски промотори за Белгија, Данска, Јужна Кореја, Канада, Обединето Кралство, Турција, САД и за Франција, покрај оние 23 што веќе бараат инвеститори по светот.
Според него, и покрај намалениот интерес на инвеститорите за нови вложувања, промоторите не губеле време и остварувале контакти. Дали вреди издвојувањето огромни пари од буџетот за овој проект? Груевски вели: „Апсолутно вреди! Сите оние што говорат дека се тоа залудно потрошени пари или се во голема заблуда или го прават тоа чисто само да најдат забелешки на работењето на Владата онаму каде што ги нема“, порача вчера Груевски. Според него, концептот со промоторите е веќе потврден и го спроведуваат и другите држави. Повторно истакна дека поради светската економска криза, намалени се инвестициите, но промоторите и во овој период не губеле време и остварувале контакти. Можеби моментно немало инвеститори, но по кризата, тие ќе се сетеле на контактите со промоторите од Македонија.
„Концептот е исплатлив и дава резултати и ќе носи уште повеќе резултати кога ќе помине светската економска криза. Има повеќе инвестиции што се остварени по контактите со промоторите, а тоа го зборуваат и самите инвеститори. Последна инвестиција, на чие отворање лично присуствував, е болницата во населбата Ѓорче Петров, турска инвестиција, која е резултат од контактот со промоторот“, истакна Груевски. (С.М.)
"Последна инвестиција, на чие отворање лично присуствував, е болницата во населбата Ѓорче Петров, турска инвестиција, која е резултат од контактот со промоторот“, истакна Груевски." Ova e vic od serijata "mali dzokica" ili stvarno e premierska izjava?. Ima li na svetov nekoj seriozen stranski biznismen koj bi sednal da se "sovetuva" so nasive (jadni) promotori, kade i kako da investira? Ima li uste takvi koj veruvaat deka nasive (povtorno jadni) promotori mozat da ubedat asolen biznismen da investira ovde?Moze li nekoj ova da mi go objasni kako funkcionira?
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 20.08.2010 06:06:23
Оф сиромавиот. Де та де еве гледајте - инвестиции. Не умри магаре до зеленило. Дечко ајде објави вонредна состојба. Време е. Да се спаси.... општо Македонија.
Од: Трпе
Датум: 20.08.2010 07:56:23
Во време на електроника и голем број на медиуми,нашиот пастир мора овците на поило да ги води пешки.А дали таму ке им даде вода да се напијат или набрзина ке ги помине низ транзитниот прометен пат е друга работа.Се додека има овци ,за него ке има и млеко и волна.
Од: Marjan. Kavadarci
Датум: 20.08.2010 09:43:42
A be g-dine Premiere ke ve zamolam da ne lupate gluposti i da prestanete da go lazete narodot. Bolnicata sto e otvorena vo Gjorce Petrov Sv Lazar ne e stranska investicija. Sopstvenik na taa bolnica G-gja od Negotino koj sto e mazena vo Bugarija so postojano mesto na ziveenje vo Makedonija. Da nejziniot soprug ima uste edna bolnica vo Sofija. No ako Sofija e v oTurcija,i vi ste togas dobar premier.
Од: terezija
Датум: 20.08.2010 11:09:38
Ne treba da se objasnuva deka suetata,gordelivosta i samobendisanost se mnogu loshi osobini ... A pak seto toa "filovano" so TVRDOGLAVOST e najpogubnata varijanta ... Dali voopshto ste se zamislile komu ste mu dale legimitet za takva VITALNA funkcija od najvisok rang za edna Drzava- pa makar i bila taa Makedonija?!
Од: јас
Датум: 20.08.2010 11:43:32
АЛООООО ..Има ли некој МАЖ да му каже на премиерчево дека светската економска криза ЗАМИНА ??? И дека треба да ја смени плочата „дека таа криза е виновна за состојбата во Македонија “???Нека бара друг кривец ... Дај пренесете му дека САМО ТОЈ И НИКОЈ ДРУГ Е КРИВ за катастрофава во Македонија !!!!
Од: Професорка
Датум: 20.08.2010 12:21:25
Ако му се исплатливи промоторите, а нему му се, нека си ги плаќа од сопствениот џеб. Не од нашава сиромаштија. Не му допира до умот дека не е до промоторите. До се друго што можел, но со прст не мрднал да направи. Прави се во обратна насока од тоа што треба. Во најсиромашната, а најбудалска земја која ги фрла последните пари за имбецилни споменици, никој нормален не инвестира.
Од: vremenski casovnik tik tak
Датум: 20.08.2010 12:22:43
Kolku od tie sto dojdoa vo FYROM si otidoa. Kakov e nivniot zaklucok za investiranje tuka . Site tie biznismeni se golemi prijateli i se sekavaat cesto na seminari sobiri ili zabavi . Toa sto go nosat od nasata zemja veke se znae vo nivnite krugovi . Ako dojde nekoj denes vo zemjata prasanje e koj e toj i kolku ke ostane .
Kako ke im go smenite mislenjeto na mnogugte izigrani izlazani investitori?!!