Привршува бербата на тутунот во Гевгелиско, каде што годинава прв пат по 10 години од ликвидацијата на тутунскиот комбинат „Таља Бикова“, оваа земјоделска култура е застапена на вкупно 11,4 хектари, двојно повеќе од минатата година.
Од сортите најзастапени се „јака“ и „басмак“, од кои се очекува годишен род од околу 15 тони, а најмногу се одгледува на површини во Селемли, Куртамзали, Фурка, Црничани, Џумабос во општина Дојран, но и во Негорци во општина Гевгелија. Таквиот интерес на 40 индивидуални земјоделци од Гевгелиско и Дојран, кои станаа носители на бели картони за одгледување тутун што ги додели Министерството за земјоделство, годинава се должи на веќе видливите ефекти од стимулативаната мерка од 60 денари за предаден килограм што ја воведе Владата.
Најголем увозник на македонското жолто злато е соседна Грција. Во изминатите седум месеци од годинава низ граничниот премин Богородица се извезени вкупно 183 тони тутунов лист и режан тутун. (МИА)
Штом и гевгеличани премина во тутунари,ова година ке биде интересна за тутунарите.Живи да бидеме па ке видиме како ке поминат тутунарите за овогодишната реколта.Тутунарите задоволни од минатогодишната субвенција,веќе не одат на квалитет ,тие одат на квантитет.Само се плашам изборите да не се случат пред откупот на тутун.Па после ке биде баравте гледајте.
Од: јас
Датум: 20.08.2010 11:46:07
Е да , ќе биде интересно годинава со тутунот..Во Прилеп садат по 30-40 декари , оние кои прв пат виделе тутун на нива, па ќе има многу , премногу тутун..Само , да не биди после како пред некоја година..Претходната година се плати добро тутунот, а наредната премногу слабо ...