Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Пред да се случи масакрот на кучиња

Рамона Нови, Италија

Почитуван премиер Груевски, почитуван градоначалник Трајановски, ви се обраќам по повод масовното усмртување на бездомните кучиња во стационарот „Вардариште“, со барање итно да се прекине со оваа активност.

Со должна почит, ви ја пренесувам мојата згрозеност и револт во однос на начините со кои стационарот „Вардариште“ се обидува да „воспостави контрола“ над прекумерната бројка на бездомни кучиња во градот. Прашањето е: Дали сте информирани за оваа состојба и што планирате да преземете во врска со тоа? Стационарот „Вардариште“ со првичниот концепт „лови - стерилизирај - врати“ не' воодушеви, бидејќи ветуваше хуман третман со прецизни востановени чекори (кои не оставаат простор за манипулација). Потоа произлезе дека, наместо тоа, се спроведува срамно, неетичко и спротивно на законот елиминирање на речиси секое второ куче во Скопје (575,7 отсто), што е недозволиво и срамно практикување на сила, нешто што нас како град и држава не' уназадува и не' етикетира пред светската јавност како дел од третиот свет, каде што нема никакви права за животните. Цивилизираниот свет не само што не дозволува вакво геноцидно изживување врз животните, туку и најстрого го осудува и го санкционира!

Поради тоа, потребно е:

1. Ургентно прекинување на масовната евтаназија! Со неа се покажува грозоморната суровост, концепциската заостанатост и грубото непочитување на зацртаните европски стандарди во однос на третирањето на бездомните кучиња!

2. Итно реорганизирање и зголемување на капацитетите во стационарот „Вардариште“. Срамно е да очекуваме некакви резултати од стационар, кој нуди само една служба за фаќање и еден ветеринар, а треба да се третираат 10.000 кучиња! Со ваквиот несериозен пристап само се прибегнува кон неконтролирано убивање, а неповратно се трошат огромни суми пари! Повеќе од потребно е вклучување на најмалку уште 5 ветеринарни лица или секоја општина да ангажира ветеринар и служба за фаќање на кучиња, која на располагање ќе има возило.

3. Воведување на константен мониторинг на работата на овој проект – инспекторат, градска управа, граѓански здруженија.

4. Доследно враќање на фатените кучиња на истата локација, обврска која „Комуналец“ апсолутно не ја спроведува, иако за тоа е платена! (Последица: „испразнетите локации“ ги пополнуваат кучиња од други локации, дури и надвор од градот!)

5. Ангажирање на компетентни лица во стационарот, кои би се залагале за зголемена стапка на вдомување на кучињата, наместо некомпетентните лица на „Комуналец“, кои очигледно и сами не веруваат дека бездомните кучиња треба да се вдомуваат!

Насилството врз животните води кон насилство врз луѓето!






Статијата е прочитана 359 пати.

Испрати коментар

Од: Prijatel na zivotnite
Датум: 04.07.2009 00:15:00
Zgrozena sum od vistinata koja ja otslikuva ovaa statija. Za zal, ova e realnost. Za zal, lugjeto se uste mislat deka se nad Boga... Bog gi stvoril i bezdomnite zivotni i istite imaat pravo na zivot kako i sekoe covecko sustestvo. Toj sto si dava za pravo da odzeme nevin zivot odi cekor poblisku do pekolot. Zalna e realnosta so koja se soocuvame. Lugjeto vo Makedonija stanuvaat se ponasilni, poludi i se povekje se sitat na makata na poslabite. Tretmanot na poslabiot ja otslikuva goleminata na edna nacija. Nasata nacija za zal gazi i udira po poslabiot, se siti na negovata nemokj...ista e sudbinata i na bezdomnite zivotincinja... PRAKJAM APEL DO SOVESNITE GRAGJANI NA OVA PARCE ZEMJA ZA ZASTITA NA OVIE DUSICKI... koj ne saka da im pomogne, barem neka ne im odmaga... a tie sto im go skratuvaat zivotot, kje si imaat rabota so Bog.
Од: Револт
Датум: 04.07.2009 00:40:23
Ама ајде, ве молам г-ѓо, вие како само во својот свет да живеете, пак ми спомнувате некоја си Европа... а ние каде живееме, на Марс?! Би ја парафразирал вашата "мисла" бр.1: "Ургентно прекинување на ЕУ евтаназијата! Со неа се покажува грозоморната суровост, концепциската заостанатост и грубото непочитување на зацртаните европски стандарди во однос на третирањето на македонските граѓани од страна на ЕУ!"... итн, итн... Исто така, би било многу пополезно, г-ѓо, да се заангажирате за помош на луѓето, на сиромашните, на бездомните и малтретираните, излажаните... зашто, како што оди работава, скоро ќе им се придружиме на кучињата. Пишете им на господата прво за ова, а потоа она со кучињата, ќе го решиме многу лесно... г-ѓо.
Од: milko
Датум: 04.07.2009 01:50:09
odlicno razmisluvane i sosema konkretni predlozi tekst za pofalba... i pokraj toa sto kastriraneto e skapo ne treba da ima i kako sto nema gromorostvo. a nekolkute slucaevi se dolzat na zivotini koj ne bile dovolno jaki da ja izdrzat operacijata. uste ednas bravo za tekstot i konkretnite predlozi. vreme da pokazime pogolema humanost
Од: ile
Датум: 04.07.2009 02:40:16
na zapad toa ne moze da se sluci,zalno e da se ubivaat kutrite zivotni,organizirajte volonteri,prezemete akcija sto ke postigneme so unistuvanje na zivotnite,zalno ako navistina se ubivaat na vakov surov nacin
Од: TK
Датум: 04.07.2009 04:56:13
Zestoko go osuduvam masakarot na "Melenicite", kako sto gi vikaat vo Zapadniot svet.
Од: krste
Датум: 04.07.2009 06:25:59
Ама пуштете го човекот да си работи, па можда така му пишува во Програмата во 100 чекори???
Од: Стојко
Датум: 04.07.2009 12:39:24
До Рамона нови, Италија: Дали вие од ЕУ се однесувате поубаво и похумано кон нас луѓето?

Најди! во Утрински
Писма
Да се почитува вистината
Што бара Јанакиески?