Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Да се почитува вистината

Министерство за транспорт и врски

Министерството за транспорт и врски најостро реагира на невистинитите наводи пренесени во текстот на „Утрински весник“ со наслов „Ќе има ли истрага за 21 милион евра во Транспорт?“, објавен на 2 јули и потпишан од новинарите Катица Чангова и Гордана Дувњак. Во него се вели дека „Во случајот со ревизорскиот извештај на Министерството за транспорт станува збор за прилично голема свота од 21 милион евра. Тоа е многу повеќе во споредба со 720.000 евра колку што Министерството за одбрана плати за обесштетување овци, а потоа се отвори и случајот ’Бачило‘. Владата не ја обжалила пресудата со која на Иснифарис Џемаили му се исплатени 720.000 евра како отштета за гранатирано бачило во 2001 година“.

Во однос на невистинитите обвинувања од страна на пратеникот Јани Макрадули, на кои се заснова написот во „Утрински весник“, министерот за транспорт и врски на прес-конференција одржана 25 јуни 2009 година ги отфрли сите изнесени обвинувања како невистинити. Во текстот пренесен во „Утрински весник“ нема ниту една реченица со која се информира јавноста за отфрлените обвинувања.

Ве потсетуваме дека при информирањето на јавноста основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со Уставот, а не да бидат продолжена рака на политичка партија, притоа почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информацијата, новинарите треба да бидат објективни и точни, а информацијата пред да биде објавена да биде проверена, како не би се дезинформирала јавноста. Исто така, Ве потсетуваме дека согласно член 172 од Кривичниот законик „тој што за друг лажно изнесува или пронесува дека сторил кривично дело за кое се гони по службена должност ќе се казни за клевета“.


Статијата е прочитана 490 пати.

Испрати коментар

Од: Maja
Датум: 05.07.2009 08:44:22
Pa da! Sega izvedete gi novinarite pred sud! Ovaa vlada so toa s eproslavi, hajki protiv novinari i protiv sekakva slibodna misla. So sto, ve molam dokazuvate deka iznesenite podatoci se nevistina? Isto kako sto i Manevski tvrdese deka ne e vistina deka primal i penzija i plata! Mnogu vi veruva narodot! Pa posle Utrinski bil prodolzena raka na partija!

Најди! во Утрински
Писма
Што бара Јанакиески?
Пред да се случи масакрот на кучиња