„Утрински весник“ објави серија текстови посветени на ревизорскиот извештај за финансиско-материјалното работење на Министерството за транспорт и врски. Новинарите најнапред информираа од дебатата што се отвори на седницата за пратенички прашања во Собранието по повод ревизорските наоди. Истиот ден ја проследија и прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, свикана за истата тема. Сето тоа беше објавено на страниците на весникот. Потоа следуваа неколку редакциски текстови и коментари околу наодите на ревизорот во ресорот Транспорт. „Утрински“ изврши увид во ревизорскиот извештај дистрибуиран во Собранието и објави делови од содржината.
Министерот Јанакиески изразува незадоволство затоа што во објавениот текст „Ќе има ли истрага за 21 милион евра во Транспорт?“ потпишан од новинарите Катица Чангова и Гордана Дувњак немало „ниту една реченица“ со која тој ја информирал јавноста „за отфрлените обвинувања“. Во дописот до „Утрински“, меѓу другото, потсетува дека согласно со член 172 од Кривичниот законик „тој што за друг лажно изнесува или пронесува дека сторил кривично дело за кое се гони по службена должност ќе се казни за клевета“.
Редакцијата не се плаши од вакви закани против новинарите кои ја завршија својата обврска како што треба. Министерството треба да си ја заврши работата одговорно за потоа ревизорот да не наведува редици сомневања. Патот до судницата тогаш може да биде многу кус.
Ќутек... што би рекол најверниот сојузник на Грујо Амди Бајрам...
Од: maja
Датум: 04.07.2009 11:34:46
само затвор за спас на македонија. од такви како него пилиштари ке пропадне државата. грујо отвори ги очите овој прилепчанецот го испокраде народот
Од: koki
Датум: 04.07.2009 15:21:49
A sto mislite deka Grujo nema nikakov kar od Janakievski i deka toa sam bez negovo znaenje go pravi???
Ne veruvam deka ste tolku naivni da mislite deka Mile sam pravi se???
Go cekam denot koga ke izleze vistinata na videlina, da se nadevame naskoro!!!
Од: ljube
Датум: 04.07.2009 22:43:30
Dobar naslov,"Sto bara Janakievski".Da prasam,dali nekoj se sekava za negovoto "direktoruvanje" vo javnoto pretprijatie"Vodovod i kanalizacija".Se spomnuvase za dubioza,da ne recam pronevera,od okolu 500 iljadi togasni dojc marki.No kga se raboti za clenovi na VMRO sekogas se naodja resenie,se stanuva MINISTER.Uslovot za taa titula e ispolnet.