Француските писатели во Македонија
Катедрата за романски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ од Скопје денеска во свечената сала на Филолошкиот факултет во 13 часот организираат предавање на тема „Француските писатели во Македонија“.
На предавањето ќе говори академик Влада Урошевиќ, поет и член на Македонската академија на науките и уметностите и поранешен професор по општа и компаративна книжевност. Академик Урошевиќ ќе се осврне на книжевното патување низ средбите
со познатите француски писатели во текот на нивниот престој во Македонија.
Предавањето ќе се одржи на македонски јазик со консекутивен превод на француски јазик. (Н.П.) |