Исламската цивилизација на Балканот
МАНУ и Организацијата на исламската конференција организираат четврти меѓународен конгрес на исламската цивилизација на Балканот. Конференцијата ќе се одржи од денеска до 17 октомври во МАНУ и на истата со свои реферати ќе се обратат реномирани научници од областа на лингвистиката, историјата, филозофијата итн.
Свеченото отворање е закажано за денеска во 9 часот на кое ќе се обрати претседателот на МАНУ. Академик Георги Старделов, генералниот секретар на Организацијата на исламската конференција, Халит Ерен, амбасадорот на Турција во македонија, Гурол Шукменсур, претседателот на ИВЗ, ресул-ул-улема Сулејман Реџепи, генералниот секретар на ОИЦ, Екмеледин Ишаноглу и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Еден час подоцна на учесниците на конференцијата ќе им се обрати претседателот Иванов кој ќе говори на тема: „Милет систем во Османското царство“, а по него академик Старделов ќе се осврне на „Историската средба на цивилизациите и културите на Балканот“. (Н.П) |