Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Вилмош Жигмонд го предводи жирито на битолскиот фестивал

Во годинешното жири на Фестивалот на филмската камера се и британскиот режисер Павел Павликовски и нашиот Дарко Митревски

На годинешниот 31. Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ жирито ќе го предводи годинешниот добитник на „Златна камера 300“ за животно дело, американскиот директор на фотографија со унгарско потекло, Вилмош Жигмонд. Само да потсетиме дека овој оскаровец, кој се смета за гигант на светската кинематографија, стои зад камерата на такви култни дела, како: „Ловец на елени“, „Блиски средби од трет вид“, „Опсесија“, „Вештерките од Иствик“ па се' до „Црната Далија“, „Сонот на Касандра“ и „Ќе сретнеш висок црн странец“, со кој ќе се затвори фестивалот.

На ова издание на „Браќа Манаки“ жирито ќе биде составено од шест члена. Во него е и британскиот режисер со полско потекло Павел Павликовски („Последно прибежиште“, „Моето љубовно лето“), директорката ��а австрискиот фестивал Crossing Europe, кој се одржува во Линц, потоа минатогодишната победничка, младата снимателка Наташа Браер („Млеко на тагата“) од Аргентина, како и француската уметничка Доминик Фури, една од најинтересни сликарски појави во моментов. На нив од Македонија ќе им се придружи и нашиот режисер Дарко Митревски. Како што вели Лабина Митевска, станува збор за многу интересно жири, разновидно по струка, но ускладено и особено во секој поглед.

Во Битола од 16 до 22 октомври ќе дојдат над 150 исклучителни гости од светската кинематографија, а се' на се', вкупно се очекува доаѓањето на 400 странски и домашни гости, меѓу кои многу истакнати директори на фотографија кои моментно стојат зад најинтересни и најактуелни остварувања во светот. Но, исто така гости на фестивалот ќе бидат и многу режисери, сценаристи, актери, филмаџии, како и 80 студенти од Бугарија, Германија, Франција, Израел и од нашата земја. Фестивалот годинава има исклучително богата програма со рекордни 95 филма, со многу работилници, тркалезни маси, средби со почесните гости, претставување на филмски фестивали и на национални филмски фондови.

Битола е подготвена да биде вистински домаќин на годинешниот амбициозен фестивал, давајќи му ја целата поддршка и споделувајќи ја возбудата со целата екипа на фестивалот. Како што рече градоначалникот Владимир Талевски, тие се убедени дека и оваа година ќе имаме одлично издание на фестивалот и дека тие стојат целосно, и финансиски и логистички зад овој фестивал, на чие чело е Лабина Митевска. Тој дури рече дека Митевска ќе ја добие нивната поддршка и за следниот мандат како директор на овој Фестивал. Општина Битола годинава издвојува три милиони денари, а како што рече, поддршка голема дава и Министерството за култура, односно нивното учество е 60 проценти, а Битола учествува со 40 проценти во вкупниот буџет на фестивалот. Додека ВИП операторот, кој од оваа година е партнер на фестивалот, направи навистина многу подигнувајќи го неговото ниво и учествувајќи во збогатувањето на неговиот дизајн и неговото присуство. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Дерил Хана доаѓа на „Браќа Манаки“
38. Светска галерија на карикатури
„Кармина бурана“ в сабота повторно на сцената на МОБ
Исламската цивилизација на Балканот
Антологија на македонски фантастичен расказ
Француските писатели во Македонија






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria