Антологија на македонски фантастичен расказ
Вечерва со почеток во 20 часот, во кафе-книжарницата „Магор“ ќе се одржи средба по повод издавањето на мошне значајната антологија на современ македонски фантастичен расказ насловена „Тешка ноќ“, приредена од Лидија Капушевска-Дракулевска. Книгата содржи раскази од 33 македонски автори.
Овој пат нема да стане збор за класична промоција, туку за читање и уметничка изведба на извадоци од расказите од страна на Виктор Јованоски. (Н.П.) |