ПДП апелира за мирна изборна кампања без инциденти
ТЕТОВО - „Ги повикувам сите членови и симпатизери на ПДП да се вклучат мирно во изборната кампања, да не предизвикуваат инциденти и да придонесат изборите да поминат во најдобар ред. Апелирам до сите политички партии, до жителите, да не се убиваат меѓу себе, да не провоцираат инциденти, а Албанците да можат слободно да го дадат својот глас“.
Вака лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели, им се обрати на своите членови и симпатизери во преполнетата сала на Центарот за култура „Иљо Антевски - Смок“, на конвенцијата што се одржа во понеделникот во доцните вечерни часови. Вејсели смета на клучна улога на ПДП во конституирањето на новата влада. (Г.Е.) |