Раде Силјан добитник на наградата „Михај Еминеску“
На македонскиот поет Раде Силјан деновиве во Крајова свечено му беше врачена наградата за поезија „Михај Еминеску“ за 2011 година. Во образложението за доделување на ова високо признание, Меѓународната академија што го носи името на славниот романски поет, подвлекува дека признанието на Силјан му се доделува за исклучителни литературни остварувања.
Раде Силјан е современ македонски поет, литературен критичар и есеист. Автор е на дванаесет стихозбирки, на десет книги со критики и есеи и на повеќе антологии на македонскиот расказ, поезија, драма и критика. Негови поетски дела се преведени на англиски, руски, турски, полски, романски, италијански, украински, албански, латински, српски, бугарски и грчки јазик. (Н.П.) |