Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

Откриен ген на машката неплодност

Тим француски и англиски научници го лоцираа дефектот во мутациите на генот НР5А1

Некои случаи на нејасна неплодност кај мажите би можеле да се објаснат со дефектен ген, покажуваат истражувањата. Кај мал процент неплодни мажи се јавуваат мутации на генот НР5А1, објавува американското списание за хумана генетика.

Научниците од Пастеровиот институт во Франција и Универзитетскиот колеџ Лондон (УКЛ) сметаат дека тоа би можело да им помогне на лекарите да вршат испитувања кај мажите во таква состојба. Британски експерт се надева дека би можеле да бидат откриени и други генски дефекти.

Во повеќето случаи лекарите не можат да утврдат причина за неплодност кај мажите, и покрај тоа што во половината случаи токму поради тоа двојките имаат тешкотии да зачнат. Се чини дека неплодноста кај мажите е почеста кај одредени семејства, и тоа ги поттикнува научниците да веруваат дека за некои случаи можеби има генетичка основа, но досега се пронајдени само неколку генски мутации што би можеле да бидат одговорни за тоа.

Најновото истражување се однесува на генот за кој е познато дека учествува во сексуалниот развој и кај мажите и кај жените, односно дефектите во НР5А1 се поврзуваат со физички дефекти во развојот на тестисите или овариумите. Нивните податоци покажуваат дека дури и таму каде што нема физички докази за проблем, дефектите во генот можат да ја попречуваат способноста за создавање сперма.

Тие го испитуваа генот кај 315 очигледно здрави мажи кај кои беше забележана необјаснета неспособност да продуцираат сперма. Од таа група тие најдоа мутации во генот само кај седум мажи, а при подетално испитување беше откриено дека мажите имале изменети нивоа на сексуални хормони, а во еден случај блага абнормалност во клеточната структура на тестисите.

Авторите на истражувањето од Институтот за детско здравје при УКЛ во Лондон и Пастеровиот институт во Париз, истакнаа: „Заклучуваме дека приближно четири отсто од мажите со необјаснета неспособност да продуцираат сперма, носат мутации во генот НР5А1“.

Иако ова откритие би можело да влијае само на мал дел од неплодните мажи, други специјалисти веруваат дека слични откритија би можеле да помогнат да се добие појасна слика за потеклото на оваа состојба. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 472 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки
Во Лондон без градник
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
„Аспиринот“ може да ја намали смртноста од рак за 50 проценти
Сокот од портокал предизвикува гихт
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census