| Концерт Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје 
 Во пресрет на вечерашниот ексклузивен концерт на хрватскиот актер и музичар Раде Шербеџија и познатиот гитарист Мирослав Тадиќ, закажан во Универзална сала во Скопје во 21 часот, организаторот „Авалон продукција“ информира дека Шербеџија пристигнува во земјава денеска, а со себе носи врвна музичка екипа. 
 „За квалитетите на Мирослав Тадиќ не би сакале воопшто да зборуваме, се' уште со себе го носи епитетот на еден од најдобрите светски фламенко-гитаристи, но покрај Раде и Мирослав, македонската публика ќе има можност да ужива и во виртуозноста на „New Cinema Band“, квартет што го организираат Раде и Тадиќ специјално за изведба на своите два албума „Имам пјесму за тебе“ и „Понекад долазим, понекад одлазим“, велат од „Авалон“. Во квартетот членуваат Април Гутрие - чело, Рој Естрада – бас-гитара, Кристофер Гарсија - тапани и Кристијан Терзиќ - пијано.
 
 
 |