Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

Сокот од портокал предизвикува гихт

Жените што пијат две чаши дневно имаат двапати поголема веројатност да заболат од оваа форма на артритис

Истражувачите предупредуваат дека жените треба да го намалат консумирањето сок од портокал и други газирани пијалаци за да го намалат ризикот од појава на гихт. Жените што пијат две чаши сок од портокал дневно се со два пати поголема веројатност да добијат гихт, тврдат научниците. Тие имаат 2,5 пати поголем ризик да се разболат - исто како да пијат две лименки засладени безалкохолни пијалаци. Дури и една чаша сок од портокал го зголемува ризикот за 40 отсто.

Гихтот - форма на артритис, погодува 1,5 отсто Британци, при што мажите имаат четири пати поголема веројатност да боледуваат од оваа болест. Но, бројот на заболени жени двојно се зголеми во последните 20 години. Експертите веруваат дека високото количество овошен шеќер или фруктоза, составен дел на сокот, предизвикува мочната киселина - отпаден продукт во крвта - да се таложи на зглобовите, поради што тие отекуваат и се многу болни.

Студијата што ја спроведе Универзитетот во Бостон ги следеше навиките за исхрана на 80.000 жени во период од 22 години. Оние што пиеле чаша сок од портокал дневно биле со 41 отсто поголем ризик да добијат гихт. Оние што пиеле две или повеќе чаши сок имале 2,4 пати поголем ризик. Жените што секојдневно пиеле лименка безалкохолен пијалак биле со 70 отсто поголема веројатност да добијат гихт. Оние што пиеле две лименки биле 2,4 пати повеќе изложени на ризик, исто како со сокот од портокали. Овие резултати го поддржуваат значењето да се намали внесот на фруктоза, сметаат експертите.

Гихтот честопати се поврзува со прекумерна исхрана што опфаќа премногу алкохол или црвено месо. Таа била вообичаена кај богатите, дебели мажи од тјудорската, георгијанската и викторијанската ера. Минатата година истиот тим научници откри дека гихтот погодува 3,5 отсто жени на возраст од 60 до 69 години, 4,6 отсто на возраст од 70 до 79 години и 5,6 отсто жени над 80 години.
(Дејли мејл)

ИСТРАЖУВАЊЕ

Гихтот погодува 3,5 отсто жени на возраст од 60 до 69 години, 4,6 отсто на возраст од 70 до 79 години и 5,6 отсто жени над 80 години



#
Статијата е прочитана 916 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки
Во Лондон без градник
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
„Аспиринот“ може да ја намали смртноста од рак за 50 проценти
Откриен ген на машката неплодност
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run