Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

„Аспиринот“ може да ја намали смртноста од рак за 50 проценти

Колку подолго се консумира, толку е подобра неговата заштита. Редовното земање повеќе од пет години може да спречи развој на голем број форми на рак

Секојдневното пиење „аспирин“ ги намалува ризиците од смрт од голем број познати видови рак, покажаа резултатите од последното големо истражување. Британските истражувачи открија прв дефинитивен доказ дека аспиринот ја намалува стапката на смртност за една третина по само петгодишна употреба. Стапките на смртност беа преполовени за некои видови рак, и колку подолго луѓето го земале овој лек, толку била подобра заштитата.

Истражувањето доведе до заклучок дека 100 години стариот аналгетик, кој чини „пет пари“, е „најневеројатниот лек во светот“. Експертите посочуваат дека здрави средновечни лица, кои почнуваат да земаат аспирин на возраст од 45 до 50 години, за 20 до 30 години би можеле да очекуваат најголема корист, бидејќи стапката на заболување од некој вид рак се зголемува со возраста. Освен тоа, дозата од 75 мг, четвртина од стандардна таблета од 300 мг, помага во спречување инфаркт и мозочен удар дури и кај лицата на кои не им е дијагностициран кардиоваскуларен проблем. Милиони срцеви болни што веќе земаат мали дози аспирин по препорака на лекар за да спречат втор инфаркт или мозочен удар, ќе добијат внатрешна заштита од рак.

Постои голема загриженост дека придружните ефекти, како што се крварење во стомакот и излив на крв, ќе победат над предностите што ги има аспиринот кај здравите луѓе, кои почнуваат со секојдневен режим на земање на овој лек.

Но, професорот Питер Ротвел од болницата „Џон Редклиф“ во Оксфорд, кој го предводеше најновото истражување врз речиси 26.000 пациенти, убеден е дека основните правила се променети. Тој вели: „Овие заклучоци го обезбедуваат првиот доказ кај луѓето дека „аспиринот“ ја намалува смртноста од неколку вообичаени видови рак. Претходните упатства со право предупредуваа дека кај здравите средовечни луѓе малиот ризик од крвавење од „аспирин“ делумно ги неутрализира бенефитите од превенција од удар и инфаркт, но намалувањата на смртноста од неколку видови рак сега ќе го преиначи овој баланс за многу луѓе“.

Истражувањето објавено во медицинското списание „Ланцет“ се фокусира на осум обиди каде што на пациенти болни од срце секојдневно им се давал „аспирин“ во период од пет години. Бенефитите во однос на срцето веќе се обелоденети, овој пат истражувачите сакаа да откријат што се случува со стапката на смртност од рак. Тие открија драматични резултати, каде што аспиринот се поврзува со помала смртност кај домаќинот на ракот. По петгодишно земање аспирин, стапката на смртност се намалила за 34 проценти кај сите видови на рак, и 54 проценти за гастроинтестиналните ракови.

Дури и по 20 години, ризикот од смртност од рак останува 20 проценти понизок во групите што претходно земале аспирин за сите големи ракови и 35 проценти понизок за гастроинтенстиналните ракови. Беа потребни пет години за бенефитите да излезат на површина во однос на ракот на хранопроводникот, панкреасот, мозокот и некои форми на рак на белите дробови. Беа потребни 10 години за заштитата да стапи во сила кај ракот на стомакот и на цревата и 15 години кај рак на простата. Премал број жени беа вклучени во опитите за да дадат резултати за ракот на дојката и на јајниците, но резултатите се „во вистинска насока“.

Професорот Ротвел, кој почна со земање аспирин пред две години во четвртата деценија од својот живот, изјави дека најновите заклучоци ги потценуваат бенефитите од земањето аспирин во период од две до три децении. Меѓутоа, тој предупреди дека не е возможно да се предвиди некој „неочекуван“ ефект од консумирањето на лекот една третина од животниот век, па зависи од самата личност да го процени ризикот.

Речиси едно лице од 1.000, кои земаат „аспирин“ би можело да страда од крварење во стомакот, во споредба со едно лице на 2.000 до 3.000, кои не земаат „аспирин“, но пиењето на овој лек не резултирало со поголем број смртни случаи.

Професорот Питер Елвуд од Колеџот по медицина на Универзитетот „Кардиф“, кој со децении го истражува „аспиринот“ и го зема веќе 35 години, сугерира пиење „аспирин“ со чаша млеко навечер. Тој вели дека млекото содржи калциум што ги зголемува позитивните ефекти на лекот.

Професорот Аластер Ватсон од Универзитетот од Источна Англија вели: „Оваа студија обезбедува силен доказ дека редовното земање „аспирин“ повеќе од пет години може да спречи развој на голем број други форми на рак, вклучувајќи ги оние на белите дробови, панкреасот, хранопроводот и простата. „Тоа, исто така, покажува дека со подолгото консумирање „аспирин“ бенефитите се поголеми. Од голема важност е луѓето да знаат дека „аспиринот“ може да предизвика опасно крварење во стомакот кај некои ��ациенти. Луѓето што сакаат да земаат „аспирин“ треба прво да се консултираат со својот лекар“. Меѓутоа, тој додава дека ова истражување „е дополнителен доказ дека ’аспиринот’ е најневеројатниот лек во светот“.

Ник Хендерсон, директор на Фондацијата „Аспирин“, која ја има поддршката од оваа индустри��а, го поздрави истражувањето како „веројатно најважната информација за ’аспиринот’ од неговото пронаоѓање“. Ед Јанг, британски истражувач на ракот, вели: „Овие ветувачки резултати градат големо тело на докази кое сугерира дека аспиринот може да го намали ризикот од развивање или смртност од многу различни видови рак“.
(Дејли мејл)

„Аспирин“ со Чаша млеко

Професорот Питер Елвуд (горе) од Колеџот по медицина на Универзитетот „Кардиф“, кој со децении го истражува „аспиринот“ и го зема веќе 35 години, сугерира пиење „аспирин“ со чаша млеко навечер. Тој вели дека млекото содржи калциум што ги зголемува позитивните ефекти на лекот


#
Статијата е прочитана 1804 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки
Во Лондон без градник
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
Откриен ген на машката неплодност
Сокот од портокал предизвикува гихт
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run