Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

„Кралица на светот 2010“

Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки

Македонската претставничка, деветнаесетгодишната Ива Михајловска, се пласира меѓу петте најубави девојки на изборот за „Кралица на светот 2010“ што се одржа во петокот вечер во Нирнберг, Германија. Михајловска, која е членка на модното студио „Црнокрак“, достојно ја презентира македонската убавина на овој престижен светски избор на кој во финалето се претставија 60 мисици од исто толку држави од целиот свет. Најсреќна од сите беше Русинката Марија Фурдучке, која се закити со титулата „кралица на светот 2010“, за прва придружничка беше прогласена Норан Мостафа, претставничката на Бенелукс, а втора - Људмила Воронцова од Латвија.

Ива Михајловска замина во Германија благодарение на победата на домашниот избор „Мис на Македонија за Кралица на светот“, што го организираше студиото „Црнокрак“. За нејзиниот изглед на финалето помогнаа и салонот за убавина „Елит“ и Елена Лука, која специјално за оваа прилика ги изработи моделите со кои се претстави нашата убавица.


#
Статијата е прочитана 1732 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Во Лондон без градник
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
„Аспиринот“ може да ја намали смртноста од рак за 50 проценти
Откриен ген на машката неплодност
Сокот од портокал предизвикува гихт
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census