Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

ЕУ ќе ги стави на тест најголемите банки

Брисел - Земјите на Европската унија се согласија да спроведат тестови за финансиското здравје на своите најголеми банки и резултатите да ги објават до крајот на јули. Ваквата одлука завчера доцна вечерта на Самитот во Брисел ја усвоиле шефовите на државите и владите на сите 27 земји-членки на ЕУ.

Со оваа одлука треба да му дадат уверување на меѓународниот финансиски пазар дека европските банки се во состојба да преживеат и ако во случај на влошување на економските можности се зголеми бројот на клиенти, што не можат да ги враќаат кредитите.

Дипломатски извори велат дека пред Самитот Германија изразила сериозни резерви кон идејата да се објават резултати од овие тестови, но канцеларката Ангела Меркел го прифатила тој предлог на инсистирање на францускиот претседател Никола Саркози и шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро. Бе��лин стравува дека тестовите ќе покажат оти германските банки не се во доволно силна позиција, затоа што многу пари и' зајмија на Грција. Во случај резултатите да не бидат добри, Германија ќе мора да им помогне на банките со средства од државниот буџет.

Лидерите на ЕУ усвоија нова економска стратегија за раст за следните десет години, фокусирана на новите технологии и зелениот раст. Програмата „Европа 2020“ ќе ја замени Лисабонската стратегија од 2000, која имаше цел за десет години да ја направи европската економија најконкурентна. Лисабонската стратегија, сепак, не беше целосно реализирана. Новата стратегија содржи три приоритети: истражувачка дејност и иновации, зелен раст и вработување. Стратегијата предвидува зголемување на инвестициите во истражувачката дејност и развој, од 1,9 пр��центи од БДП до три проценти, зголемување на степенот на вработеноста на лицата од 24 до 64 години, од 69 на 75 проценти и намалување на сиромаштијата. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Сукцесијата тапка, не се знае коj каде трошел
Иванов и Медведев се договараа за „Јужен поток“
Никој не ги спомнува евтините кредити
Август ќе ги стопи цените за мобилен
Медведев сe сомнева во еврото
За Европејците нема живот на кредит