Медведев сe сомнева во еврото
Санкт Петербург - Рускиот претседател Дмитриј Медведев изрази сомневање за иднината на заедничката европска валута. Тој во интервјуто за весникот „Волстрит џурнал“ потенцира и дека излевањето нафта во Мексиканскиот Залив може да биде закана за постоењето на БП. „Не ја преувеличувам опасноста, но не може да се потцени“, вели тој на прашање дали долговите во Европа може да бидат закана за еврото.
Тој не исклучува можност за давање финансиска помош на европски држави, но нагласи дека ЕУ треба да го преземе товарот на главните „финансиски инјекции“. (МИА)
|